Д-р Емир Солаковиќ, кој последново време е многу активен на социјалните мрежи каде споделува совети поврзани со здравата исхрана, овојпат за сите оние кои се на некаква диета или обидуваат да го променат својот животен стил преку здрава храна – е преку мерењето на струкот.

„Некои луѓе не стапнале на вагата откако се родиле. И тоа е добро“, смета овој доктор, наспроти многумина нутриционисти кои сметаат дека вагањето е од особена важност, кога станува збор за слабеење и држење диета, пишува НМД.мк

„Според мое мислење, секој не мора ниту да знае колку е тежок, важно е како се чувствува. Доколку сметате дека имате вишок килограми и поради тоа внимавате на исхраната и држите диета, во тој случај, повторно не мора да се вагате. Но, доколку инсистирате на тоа, повелете и вагајте се“, вели д-р Солаковиќ.

„Она што јас советувам е да земете едно кројачко метро. Циркумференција се нарекува мерењето на струкот. Значи, земете едно кројачко метро и мерете го обемот на вашиот струк на ниво на папокот и забележувајте ја вредноста во некој тефтер.

За оптимално здравје, идеалната вредност на женскиот струк е 82,5 см. Еднаш кога ќе ја достигнете вредноста од 94 см, знајте дека опасноста по вашето здравје се зголемува. За мажите пак, идеалот е 89 см, а опасноста по здравјето настапува кога ќе се достигне вредноста од 102 см“, објаснува докторот.

„Студиите покажале дека обемот на струкот, а не целокупната тежина е најважниот индикатор на морталитетот предизвикан од дебелина. Кога ќе дојде време за вагање, мора да престанете да мислите за некоја специфична цифра („сакам да се спуштам на 70 кг“ или „морам да се вратам на под 60 кг“).

Секој од нас има некоја идеална функционална тежина – не тежина за трчање маратон или тежина на професионален фудбалер. Оваа идеална функционална тежина е онаа во чии рамки ни овозможува да живееме здраво и живо и со која значително се редуцираат ризиците од болести поврзани со дебелина.

Со ова јас всушност сакам да ви го пренасочам вниманието од бројките кои ја покажуваат вашата тежина, кон бројките кои го покажуваат обемот на вашиот струк. Да, така е, заклучува докторот, пишува НМД.

„Јас се будам околу 6 часот. За мене 6 часа се доволни за да се наспијам. Луѓето кои спијат подолго од 6 часа веројатно имаат некаков проблем. Не е нормално да се спие подолго од 6 часа.

Организмот сам се буди после 6-7 часа ако функционира нормално. Ако не можете да се наспиете, значи дека нешто се случува: или многу работите, или сте под ст-рес или во прашање е некоја болест за која не сте свесни…

Луѓето кои се дебели под дифолт веќе се пациенти, бидејќи тие имаат поголеми шанси да се разболат од некоја болест. Во мојата пракса никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Тој го прескокнува појадокот. Тоа е најчесто случај со оние кои се дебели, а наводно сакаат да ослабат.

Ваквиот човек секогаш нешто грицка, и можете да замислите, тоа секогаш е нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да уфрла храна во некоја пештера. Се движи само од автомобил до дома. Многу јаде, а нема физичка активност и така доаѓа до дебелеење.

ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА ЖЕНА Е: Ако сте жена, штом наутро ќе станете, веднаш испијте една чаша било каков топол чај. Исперете ги ток-сините што се таложиле преку ноќта. Потоа за појадок земете јајца. За жените идеален појадок е кајгана од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеини кои долго ќе ве одржуваат сити.

ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА МАЖ Е: Ако сте маж, тогаш за појадок земете кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Мора да се внесува и малку масно, бидејќи тоа е важно за организмот. Ако сакате здрави масти, во таа кајгана слободно капнете малку маслиново масло.

Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите – сè е изградено од тие белковини. Овој појадок јадете го без леб. Не ви е потребен лебот. Секој ден можете ова да го јадете како појадок и нема да се здебелите.

На вашиот мозок му е потребен шеќер за да се нахрани, но кој? Јас ви препорачувам да сварите овес и да додадете неколку коцки темно чоколадо, па додајте и некоја сува слива. За појадок организмот ќе ви рече: „Ти благодарам што ме нахрани со ова“.

Организмот го сака овесот, бидејќи тој од сите намирници ја има истата супстанција како и мајчиното млеко. Немојте да јадете готови купечки мешавини од снегулки, зошто тоа е ѓу-бре и преполно е со шеќер. Сварете си чист овес како што варите пченица.

После ова можете слободно да испиете кафе без шеќер и ќе дојде до празнење на цревата. Е, дури сега сте спремни за работа. Ќе можете да истерате 6 часа без никаков проблем. Организмот ќе ви функционира перфектно и ќе бидете исполнети со енергија без главоболки.

А доколку се одлучите за поинаков појадок, и на пример изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле чист шеќер. Организмот нема да знае дали изел кифла, тој ќе ја свари како шеќер. Колку е побел лебот, толку тој е поголемо ѓу-бре.

Лебот со семки е добар и здрав, но правиот, црн леб. Без бои и додатоци. Но, максимално две парчиња. Белиот леб не содржи ништо што би можело да ви користи!”