Петелките од јагоди ги бришат годините од лицето, го забрзуваат растот на косата, го намалуваат шеќерот во крвта. Од јагодите ништо не се фрла! И петелките и плодовите можете да ги користите за приготвување на маски за лице.

Сочувајте ги петелките од градинарските јагоди, а уште подобро ако се шумски. Една кафена лажичка иситнети петелки прелијте со чаша зовриена вода. Оставете поклопено 20 минути, а потоа процедете.

Овој многу здрав чај лекува внатрешно, а ефектите се забележуваат надворешно: Лицето ќе ви се исчисти, ќе се разубават и кожата и косата, а покрај тоа ќе се регулира и шеќерот во крвта. Овој чај се пие трипати дневно.

ЗА ПОМЛАД ИЗГЛЕД

Освен за правење чај, петелките можете да ги сушите на провев а потоа да ги сомелете. Убаво просеаниот прав можете да го додавате по прстофат во вашите креми или масла за нега на кожата.

ЗА ПОГУСТА КОСА

За подобар раст на оштетена коса се користи лажичка сомелени ливчиња и петелки од јагоди, со додаток од сок од тегавец. Се нанесува на коренот и косата како маска, а по половина час дејство се плакне.

ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВИСОКИОТ ШЕЌЕР ВО КРВТА

Зелените делови од билката се драгоцени за дијабетичарите и сите оние кои имаат високо ниво на шеќер во крвта. Се пие чај трипати дневно, како што беше опишано на почетокот.

МАСКА ЗА СУВА КОЖА

1 филџан зрели јагоди
1 полна лажичка кисела павлака

Јагодите сомелете ги и изблендирајте ги со павлаката. На исчистено лице ставете газа, а преку газата нанесете ја маската. Оставете да делува половина час, а потоа отстранете ја од лицето и исплакнете.

МАСКА ЗА МАСНА КОЖА

1 филџан зрели јагоди
½ лажичка сода бикарбона
1 лажичка пченкарно брашно

Изблендирајте ги јагодите и додадете ја содата и брашното. Мешајте додека да се изедначи смесата. На исчистено лице ставете газа, а преку газата нанесете ја маската. Оставете да делува половина час, а потоа отстранете ја од лицето и исплакнете.