Не фрлајте ги семките од цреши: 2 паметни рецепти – природен мармалад и домашен локум од нула
Свежи, ароматични и совршени за лето – црешите и вишните не се само за јадење „онака“.
Со малку внимание, од нив може да направите природен мармалад без конзерванси и изненадувачки вкусен домашен локум од семките, што ретко кој го знае.
Овие рецепти се економични, практични и идеални за здрав појадок, десерт или подарок од домашна кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🍒 РЕЦЕПТ 1: Природен мармалад од цреши (или вишни)
Потребни состојки:
* 3 кг цреши (или вишни)
* 1 кг шеќер
* 1 лажичка путер
* ½ лимон (сок)
* прстофат сол
* НМД

Постапка:
1. Измијте ги црешите и отстранете ги дршките.
2. Извадете ги семките (со игла или алатка за вадење семки).
3. Ставете ги црешите во тенџере и додајте го шеќерот.
4. Гответе на умерена температура додека да зоврие.
5. Додајте го путерот и варете околу 20 минути, повремено мешајќи.
6. Со рачен миксер кратко изблендирајте за помазна текстура (по желба).
7. Кога ќе почне да се згуснува, проверете ја густината (капка на чинија).
8. Додајте сок од лимон и варете уште 5 минути.
9. Тргнете од оган и додајте прстофат сол за балансиран вкус.
10. Сипете во стерилизирани тегли, затворете добро и оставете да се изладат.
👉 Чувајте на темно и ладно место до 12 месеци.

🍬 РЕЦЕПТ 2: Домашен локум од семки од цреши (економична варијанта)
Потребни состојки:
* семки од 3 кг цреши
* 200 мл вода
* 100 мл вода (за густин)
* 50 г густин (пченкарен скроб)
* 170 г шеќер
* 1 лажица сок од лимон
Постапка:
1. Ставете ги семките во сад и прелијте ги со 200 мл вода.
2. Оставете да отстојат 20–30 минути, па процедете ја течноста.
3. Во посебен сад измешајте густин со 100 мл вода додека да стане мазно.
4. Во течноста од семките додајте шеќер, лимонов сок и растворениот густин.
5. Гответе на умерен оган со постојано мешање додека да се згусне (20–25 минути).
6. Намачкајте калап или обложете со хартија за печење.
7. Сипете ја смесата и израмнете.
8. Оставете да се излади на собна температура, па ставете во фрижидер преку ноќ.
9. Исечете на коцки и валкајте во густин.
👉 Послужете со чај или кафе – идеален домашен десерт.
💡 Практични совети
* Можете да користите и вишни – вкусот ќе биде поинтензивен и освежувачки.
* Додавањето путер го намалува пенењето и дава поубава текстура.
* Лимонот е природен конзерванс и ја балансира сладоста.
* За подобар резултат, користете квалитетен шеќер и свежо овошје.
* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































