Кога се обидуваме да формулираме правилна ди-ета за да се осло-бодиме од вишокот кило-грами, пред се размислуваме за тоа во кои количини треба да јадеме, но и што да јадеме. Притоа, не се придава внимание на температурата на храната.




Колку и да звучи непривлечно и да не обраќате внимание на тоа, сепак нутриционистите имаат нешто да ви кажат. За правилно варење на храната и кон-трола на телесната тежина, овој аспект игра многу важна улога.




Во средината на 80 – те години на минатиот век, „ладната ди-ета”, била многу популарна, особено кај балетските уметници и моделите. Според некои прабила на оваа диета, се сугерира употреба на ладна храна, понекогаш дури и сладолед.




Студената храна ветува брзо губење на тежината бидејќи организмот троши енергија не само за варење на храната, туку и за нејзино загревање. Меѓутоа, тука постои еден исклучок. Во овој случај, треба да се откажете од храната која содржи ладни протеини.




Што значи тоа? Не треба да јадете ладен лосос ниту ладни пилешки филети. Студената храна од овој тип побрзо поминува низ дигестивниот систем и не се задржува во стомакот (желудникот) подолго време.




Како резултат на тоа, протеините немаат доволно време да се конвертитаат во аминокиселини, и несварените делови од храната влегуваат директно во цревата, така што овој начин на кон-сумирање на храна може да биде ште-тен.




Зошто е толку ште-тно? Во најдобар случај, оваа диета може да доведе до чувство на теш-котија во желудникот, или развој на дизбиоза, метаболички нару-шувања па дури и се-риозни гастроинтестинални за-болувања.




Од друга страна, секоја храна подготвена со масло, житарици, месо или зеленчук треба да се јаде топла, не премногу врела. Ладните масти се разложуваат поспоро, а непријатноста и те-жината се појавуваат речиси секогаш.




Општо земено, нутриционистите препорачуваат сета онаа храна која се готви да се јаде топла. Не треба да го загревате свежиот зеленчук и овошјето, тие се јадат сурови, но се препорачува да ги извадите од фрижидер (доколку таму ги чувате) 30 – 40 минути пред јадење, за да ја постигнат собната температура која најдобро влијае при варењето на храната.




Исклучок од ова правило е компирот. За време на неговата подготовка, се случуваат комплексни реакции со скробот кој се содржи во него, а овие реакции завршуваат со негово ладење.

Така што, кога ќе го зготвите компирот, оставете го малку да се излади, а потоа изедете го. Компирот за време на ди-ета се препорачува да се јаде во сварена форма или испасиран како пире.




Друго правило кое треба да го запомните е да не мешате топла и ладна храна истовремено. Оваа комбинација го отежнува чувството на ситост и носи се-риозен ри-зик од прејадување.

Оваа непријатна навика често се практикува во рестораните за брза храна која јадете врела плескавица или помфрит во комбинација со газиран пијалак. Оваа комбинација ќе ве натера да јадете многу повеќе, без да забележите дека сте сити, а теш-котијата доаѓа подоцна.

Можеби сега ќе ви се разреши заблудата зошто понекогаш ви е теш-ко од една храна, а од друга се најадувате како што треба, иако јадете во иста количина. Секогаш припазете на температурата на храната, а најмногу се препорачува јадењето да биде на собна температура, прави најмалку ште-та на организмот, вие ќе знаете кога ви е доволно јадење.

Истото се препорачува и со водата. Најдобро е да пиете вода отстојана на собна температура, нуту ладна, ниту топла. Водата секогаш пијте ја половина час пред оброк и 1 – 2 часа после оброк за да не ви дојде мач-нина. Не се препорачува да ја затоплувате храната ни во микровална печка.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.