Чоколадна пита со рендано тесто – сите ќе ви бараат рецепт

Може да ја нарекувате пита или колач, како сакате. Се замесува тесто многу едноставно кое треба да отстои малку во фрижидер, а во меѓувреме се приготвува крем кој е сличен на пудинг со некои додатоци.




Се прави кора од тестото, се нанесува кремот а одозгора се ренда една третина од преостанатото тесто. Се пече, дпобро се изладува и на крај се послужува. Ако сте љубител на чоколадните колачи, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.




Потребни состојки за тесто: 300 г меко брашно, 150 г омекнат путер на собна температура, 80 г шеќер, прстофат сол, на врв од ножот прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и едно јајце.

Потребни состојки за крем: 500 мл млеко, 2 кесички пудинг со вкус на чоколадо, 70 г чоколадо за готвење, 140 г шеќер, 80 г путер, 100 г сечкани лешници за наросување. За декорација: 30 г чоколадо за готвење, 2 лажици млеко и 2 лажици масло.




Постапка: во поголем сад за месење ставете го брашното, па додајте го путерот исечкан на ливчиња. Додајте шеќер, јајце, сол, прашок за печиво и ванилин шеќер. Од сите овие состојки замесете мазно тесто.




Месењето е рачно и нема да ви одземе многу време. Префрлете го на проѕирна фолија, па добро свиткајте го од сите страни за да не се суши додека се лади во фрижидерот. Оставете го да одмори еден час во фрижидер.

После приближно половина час, треба да се приготви кремот. Во еден сад истурете ја содржината од кесичките за пудинг, а од млекото одземете 12 лажици. Измешајте така, да не останат грутчиња од прашокот за пудинг.




Остатокот од млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие тргнете го малку на страна, додајте го разматениот пудинг и промешајте. Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека да се свари и згусне.




Во сварениот пудинг додајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини. Потоа додајте го и путерот, исто така исечкан на помали коцки, па мешајте додека и тој да се растопи и инкорпорира во кремот. Сварениот крем покријте го со фолија и оставете го да се лади.




После еден час извадете го тестото од фрижидер и измерете го. Одвојте една третина од тестото, повторно завиткајте го и вратете го во фрижидер. Поголемиот дел од тестото развлечете го врз набрашнета работна површина.

Кората треба да биде со димензии на плехот во кој ќе се пече, па вишокот отстранете го и додајте го кај помалото парче од фрижидерот. Со помош на оклагијата префрлете ја кората во претходно намастен и набрашнет плех.




Врз кората рамномерно распоредете го сварениот крем и со помош на шпатула израмнете ја површината. Половина од сечканите лешници распоредете ги рамномерно врз целата површина на кремот.

Одозгора изрендајте го преостанатото тесто и распоредете го остатокот од сечканите лешници. Со дланката фино распоредете. Ставете го колачот да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.




Оставете го колачот да се олади на собна температура, па декорирајте со чоколадната глазура. За глазура: на тивок оган ставете ги сите состојки и загревајте со мешање додека да се растопат. Смесата ставете ја во кесичка за замрзнување или специјална кеса за декорација.




Откинете еден од аголот на кесичката и правете тенки лентички врз површината на колачот. Пред послужување потребно е колачот добро да се олади во фрижидер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаНе е исто дали јадете ладна или топла храна, има голема и важна разлика во слабеењето
Следна статијаЗошто сè повеќе жени го преиспитуваат својот живот и избираат да бидат сами – Бракот не е гаранција за среќа