Одговорот лежи во неактивноста. Како што старееме, сите ние сме помалку активни.

Базалнитот метаболизам е брзината со која телото согорува калории кога се седи или лежи, а тој е комбинација на висината, полот и гените кои сме ги наследиле од своите родители, и како таков не може да се промени многу.

Она што луѓето најчесто го нарекуваат метаболизам, се всушност три различни фази на согорување калории во нашето тело, во зависност од она што го правиме.

Кога јадеме ние согоруваме помалку калории (едвај 10 отсто од вкупно потрошените во текот на денот) што е всушност, првата фаза.

Во воведот на ADAM медицинска енциклопедија на Националниот институт за здравство се вели:

“Зелениот чај и лутата пиперка нема да помогнат да се отстрани вишокот на килограми. Некои видови на храна може да предизвикаат забрзување на вашиот метаболизам, но не доволно за да влијае на вашата тежина.”

Што е многу важно да се направи после триесеттата година?

Најважна активност која ќе ви помогне во согорувањето на калории – е самата активност, која претставува втора фаза.

Без разлика дали тоа е качување по скали, станувањето од столица за да свариме кафе, или за време на јога, битно е да се троши енергија.

Многумина мислат дека во оваа категорија спаѓа одењето во теретана и дигањето тегови, но тоа нема значително да влијае врз метаболизмот, бидејќи мускулната активност во вкупната стапка на базалниот метаболизам влијае само со 20-25 проценти.

На интернет страницата на Националниот институт за здравство се вели дека, освен што со годините стануваме помалку активни, помалку се грижиме и за исхраната и количината на храната што ја јадеме.

Колку сме постари, ситоста и контрола на апетитот се послаби, така што помали оброци ќе бидат доволни за задоволување на дневните потреби.

Особено е важно, после триесеттата година да се прават редовни прегледи на тироидната жлезда.

Хормоналниот дисбаланс нема некакви видливи симптоми, но може да игра огромна улога во покачувањето на килограмите и покрај вниуманието врз количината и квалитетот на исхраната.