Mолитвата е лек против негативно размислување.

Молитвата е силен лек и не само што ја враќа рамнотежата на сите процеси во организмот, туку ги обновува и уништените структури – тврди Слезин, професор од Русија.

По дефиниција, молитвата е облик на обраќање кон Бога, светци, Богородица или ангели чувари.

Како луѓето растат, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се намалува единствено во текот на длабокиот сон и молитвата, а тоа добро влијае врз луѓето.

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и дошол до сознание дека кога монахот се моли, целосно ја исклучува мозочната кора, што единствено е забележано кај децата до три месеци кои се чувствуваат сигурно покрај својата мајка.

Како луѓето растат, така чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се намалува единствено во текот на длабокиот сон и молитвата, а тоа добро влијае врз луѓето.

“Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човечкиот организам, туку и ја обновува уништената структура на свеста” – тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихоневрологија во Санкт Петерсбург.

Поголемиот дел од болестите се предизвикани од негативни ситуации и умствено потенцирани проблеми кои во текот на молитвата се повлекуваат или целосно исчезнуваат. Научниците докажале дека по одржување на мисите и други верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Наводно е докажано дека и звукот на црковното ѕвоно ги убива вирусите со своите вибрации, а светата вода ги менува својствата на лечителното дејство, во зависност од степенот на верувањето на верникот.

Ова е само дополнување на теоријата за „меморија на водата“ дека водата всушност има способност да памети. Експерименти вршени во многу земји од светот покажале дека водата прима и ги бележи сите надворешни случувања. Таа памти што се случило во просторијата која ја опкружува. Секоја материја која доаѓа во допир со водата, остава трага во неа.