Голем број страдаат од белодробни заболувања како астма, бронхитис и разни видови кашлици. Инфекциите, алергиите и пушењето може да предизвикаат одреден тип на белодробни болести или пореметувања.

Во продолжение на текстот можете да прочитате рецепт за приготвување на еден многу стар, но ефикасен лек кој во минатото честопати се користел за лекување на секакви проблеми со белите дробови, особено астма, како бронхијална така и срцева.

Во минатото, нашите баби го приготвувале овој лек за третирање на здравствените состојби од овој вид, а оние кои го испробале тврдат дека биле право за неговата голема исцелителна моќ.

За да го приготвите овој природен и лековит напиток, ќе ви бидат потребни следните состојки: 500 г црвен кромид, 2 чаши јаворов сируп или 500 г интегрален шеќер, 2 лимони, 6 чаши (1,5 литар вода), 7 лажици мед. Постапка: ставете го јаворовиот сируп во голема тава и загрејте го на умерен оган.

Доколку користите кафеав шеќер, тогаш мешајте додека тој да се растопи и да се карамелизира. Внимавајте да не ви загори. Потоа додадете го претходно исечканиот кромид, варете неколку минути и додадете вода. Варете на умерена температура додека водата да се намали на третина.

Оставете да излади до собна температура, а за тоа време исцедете го лимонот, па сокот оставете го на страна. Додадете мед и лимонов сок во мешавината и оставете да отстои преку цела ноќ. Следниот ден процедете ја течноста и складирајте ја во стаклени шишиња.

Употреба: По една лажица пред секој оброк. Откако ќе ја испиете целата доза, направете уште една доза. Повторувајте го третманот се додека да ви закрепнат белите дробови. Децата би требало да консумираат по една чајна лажичка пред секој оброк.

Доколку ве интересира, прочитајте го и следниот текст: Лек за исфрлање на секретот од вашите бели дробови на природен начин (РЕЦЕПТИ). Во продолжение прочитајте 6 ефикасни рецепти за исфрлање на слузта од белите дробови и синусите (носот и грлото).

Рецептите се едноставни, а се приготвуваат од состојки кои се лесно достапни и ги има речиси во секое домаќинство. Се применуваат од многу одамна, а сигурно може да ги најдете запишани во старите тефтери на вашите баби и мајки. Она што е сигурно е дека се ефикасни.

Доколку ве мачи слуз во грлото и белите дробови, фитотерапевтите препорачуваат напитоци од лековити билки кои поттикнуваат исфрлање на вишокот секрет и кои ја ублажуваат упорната кашлица. За елиминирање на густиот и наталожен секрет, фитотерапевтите препорачуваат напитоци од бел слез, жалфија, ловоров лист и црна ротквица.

РЕЦЕПТ 1 – Еве го првиот начин како да се исфрли секретот од грлото со помош на бел слез: Прелијте лажица исецкан корен од бел слез со 200 мл ладна вода и оставете поклопено да отстои 6 до 8 часа, а потоа процедете и пијте во мали голтки. Вака приготвениот чај за искашлување на секретот се пие до двапати дневно и тоа без шеќер.

РЕЦЕПТ 2 – Како исклучително ефикасен природен лек за подобро исфрлање на секретот кај деца и возрасни, се покажал белиот слез во интересна чајна мешавина со ленено семе и жалфија. Измешајте по една лажица корен од бел слез, ленено семе и сува жалфија.

Во еден сад ставете 250 мл вода, па додадете 100 г интегрален шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи додадете ја мешавината од билки и еден добро измиен лимон и исечен на парчиња. Се вари на умерен оган 15 минути, а потоа се трга од шпорет и се процедува. Од овој сируп се зема по лажичка 4 пати на ден, се додека да се почувствува подобрување. Сирупот е најдобро да се чува во фрижидер.

РЕЦЕПТ 3 – Исфрлање на секрет од белите дробови со црна ротквица и црвен кромид: Во блендер ставете 250 мл лимонов сок, една полна шолја мед, една главица црвен кромид и една поголема главица црна ротквица, излупена и исечена на парчиња.

Изблендирајте сè додека да добиете фина хомогена смеса. Потоа складирајте ја во стаклена тегла и чувајте во фрижидер, па оставете да отстои една седмица. Потоа, трипати дневно консумирајте го овој сируп за искашлување и тоа по една лажица, 30 минути пред главните оброци.

РЕЦЕПТ 4 – Сируп од пиво и интегрален шеќер за искашлување на секрет од грло: Во поголем сад ставете 150 г интегрален шеќер и загрејте го на умерена температура додека да се растопи и добие карамел боја. Потоа додадете половина литар пиво (било кое јачменово пиво).

Варете 20-тина минути додека да се добие сируп малку поредок од медот. Тргнете од оган и оставете поклопено да излади, а потоа сирупот складирајте го во стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Консумирајте по супена лажица пред најважните оброци трипати во текот на денот.

РЕЦЕПТ 5 – Природен лек за искашлување на секретот кај деца: Едно од решенијата за смирување на кашлицата и исфрлање на секретот кај децата е благиот чај од липа. Ако го користите повеќе денови, ќе ја ублажите кашлицата и ќе го забрзате исфрлањето на наталожениот секрет.

Овој чај исто така поттикнува потење, што е важно во случај на грип настинка и вироза. Се пие секогаш додека е топол, наутро и навечер, а се приготвува многу лесно: Две мали лажички цвет од липа се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Се остава 20 минути поклопено, по што се процедува. Чајот засладете го со квалитетен мед, додадете му и лимонов сок по вкус.

РЕЦЕПТ 6 – Исфрлање на секретот од грло и нос со помош на ловоров лист: На умерен оган растопете 250 г интегрален шеќер додека да зарумени, но внимавајте да не загори. Додадете 250 мл вода, 3 лажички жалфија и 3 издробени ловорови листови.

Кога ќе проврие варете уште 3 минути, а потоа тргнете од оган и оставете поклопено да излади. Чувајте во стаклено шише, на ладно и темно место. Се консумира по супена лажица 3-4 пати дневно, по потреба, додека да се исфрла целиот секрет и да се смири кашлицата.