Многу лесно можете да ги приготвите овие сирупи кои помагаат кај јакнење на имунитетот и кај возрасни и кај деца.

Народната медицина се покажала делотворна кај лекувањето на многу болести и честопати се комбинира со конвенционалната терапија за забрзување на закрепнувањето.

Се заснова на природни препарати кои не можат да му наштетат на организмот. Затоа, не е лошо да се послуша некој совет од народната мудрост, особено оние кои се однесуваат за јакнење на имунитетот, што овие денови ни е многу потребно.

Сите состојки кои ни се потребни за приготвување на овие народни рецепти за силен имунитет се лесно достапни и евтини.

СИРУП ОД КРОМИД И МЕД – Кромидот содржи фитохемикалии кои го стимулираат користењето на витамин Ц. Покрај тоа, кромидот се покажал како ефикасно природно средство за намалување на нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.

Во комбинација со медот како природен антибиотик, ќе ја засилите заштитата на организмот од разни инфекции.

РЕЦЕПТ: Ситно исечкајте 50 г кромид, додадете 500 мл вода и 200 г шеќер. Откако смесата ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете полека да врие уште околу 1,5 час поклопено. По потреба додадете вода ако ви испари, течноста треба да биде преполовена.

Тргнете го садот на страна да излади, па додадете 2 лажици мед. Промешајте, процедете и чувајте го сирупот во фрижидер, во стаклено шише или тегла. Се консумира по една кафена лажичка 3-5 пати дневно.

КЕФИР, ТИКВА И МЕД – Овој домашен рецепт ја јакне природната одбрана на телото. Основата е кефирот, а тиквата е преполна со нутриенти кои се значајни за нормалната работа на имунитетот. Меѓу нив се и витамините А и Ц. Медот е ризница на антиоксиданти.

РЕЦЕПТ – Четири шолји кефир и 150 г варена и испасирана тиква, а потоа додадете една лажица органски мед. Се препорачува консумирање на една чаша дневно, а остатокот може да се чува во фрижидер.

СИРУП ОД СУВО ОВОШЈЕ – Сувото овошје содржи антиоксиданти, лесно сварливи влакна и витамини. Оревите се богати со антиоксиданти, но и омега-3 масни киселини. Лимонот има огромни количини на витамин Ц. Медот штити од инфекции, а и ги лекува.

РЕЦЕПТ – Сомелете во блендер 300 г суви кајсии, 300 г суво грозје, 300 г сечкани ореви и 3 лимони со кора. Додадете лажица мед. Една сумепан лажица од овој лек дневно треба да консумираат возрасните, а децата по една кафена лажичка дневно.