Ова мене ми го спаси животот пред неколку години… Мислам, можеби немаше да умрам : – ) ама ќе се фрлев од трети кат ако не почнев ова да го пијам!

Сериозно! Ме мачеа страшни болки кои доаѓаа во бранови, чувствува само болка, посилна болка, најсилна болка…

Цел стомак, па градниот кош, до клучната коска…По два дена така… И како да не се фрлам? Ни сега не ми е смешно зошто докторите не знаеја што ми е…

Сега знам дека тоа биле некои миомчиња и се’ уште не сфаќам како толку малечки можеа да ме направат крш!

Ужасот се повторуваше секој месец, бев преплашена кога требаше да започне.. .

Ама јас го прекинав со овој лек за сите женски маки, кој се пие еднаш во животот…

Одамна сакам јавно да го споделам со сите жени, а интерно им го дадов на сите пријателки.

Запишете си го, се надевам НЕМА да ви затреба, но ќе му помогнете некому!

Потребни состојки:

40 врвови од рузмарин

1 литар домашно вино

Постапка:

Домашно црно вино, без конзерванси, префрлете го во шише со пошироко грло, а во него потопете 40 врвови рузмарин, околу 3-4 см должина да бидат, па шишето оставете го на темно место да отстои неколку дена, времето не е прецизно.

Почнете да пиете секое утро на празен стомак по ракиена чашка, ама без цедење на рузмаринот, точно еден месец.

Јас го чував во фрижидер, бидејќи кога го пиев беше лето.