I РЕЦЕПТ – Лек за бели дробови според билкарот Мартин Најдовски – лекува бронхитис, кашлица и други респираторни болести. Пишува Мартин Најдовски – Лек за бели дробови. Доколку имате било какво прашање околу приготвувањето на овој или некој друг народен лек од билки, можете да го прашате Мартин Најдовски на неговата фан страница Лилма.

“Сирупот од тиква е за деца и возрасни, за бронхитис, јака кашлица и други респираторни болести”, вели М.Најдовски. Овој сируп е конкретно за деца, но може да го користат и возрасни… Поволен е за сите возрасти. РЕЦЕПТ (состојки и начин на приготвување).

Се зема една тиква сточна (оние тикви со кои се рани стоката, имаат боја зелено портокалова или се сосем портокалови). Тиквата се засекува горе, се вади капакот. Семињата и конците односно внатрешнината се гребе со една лажица, се вади се да остане празна.

Потоа во тиквата се додава 1 кг мед и 1 литар лимонов сок (1кг сок од лимони се добива така што се цедат 2 кг лимони). Се промешува добро и се враќа поклопката. Тиквата се остава во едно тавче да стои покриена 48 часа. Привремено тиквата се протресува.

После 48 часа течноста се претура во тегли и притоа се собира и од внатрешноста на тиквата оној мек дел, лимонот ќе ја омекне малку и тој мекиот дел се собира со лажица. Мекиот дел може да се испасира и да се додаде во сирупот но и не мора. Се чува сирупот на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.

Дозирање: За деца 3 до 4 пати по 1 кафено лажиче во текот на денот. За возрасни 3 пати по 1 супена лажица во текот на денот. Коментар на Стојанка Петревска: И јас сум го правела овој лек за мене, бидејќи постојано оболувам од бронхит и 37 години сум со хронично астма бронхиале.

Порано имаше многу списанија од областа на народната медицина и сè што ќе прочитав, си приготвував за себе. Еве ви уште еден рецепт: Се зема лубеница од 5-6 килограми и на истиот начин како што е погоре објаснето за тиквата, се длаби од страната на дршката.

Во длабината се става еден килограм квалитетен мед, па потоа се враќа капакот и убаво се завиткува за да се фиксира и да не може да продре воздух во неа. Значи, мора да биде хигиенски и стерилно. Вака спакуваната лубеница се закопува во земја, на длабочина од 60 см.

Вака закопана лубеницата се остава во земја (каде има константна температура) во времетраење од шест денови. Потоа се откопува внимателно и се вади, па се излева медот заедно со скокот и се складира во стаклени тегли. Се пие трипатни дневно по една ра-киена чаша. Коментар на Адриана Кокатоска: “Може лекот да се направи и со трупка. Испробано.”

II РЕЦЕПТ – Мед од тиква: лек за црн дроб и бубрези, за висок холестерол, за намален имунитет. Медот од тиква може да се употреби за различни проблеми. Најделотворен е при лекување на болести на црниот дроб и бубрезите. За многумина овој мед е драгоцен, бидејќи ефикасно помага во исфрлање на жолчниот сок и лекување на воспалени мочни канали.

Благодарение на лесното лаксативно и диуретско дејство, медот од тиква одлично помага при опстипација и различни заболувања на дебелото црево. Истовремено, поради изобилството од витамини и каротен, овој мед од тиква е одличен засилувач на имунитетот и општиот животен тонус.

Помага за намалување на холестеролот, атеросклероза, намалува отоци од срцева инсуфициенција. Овој мед се препорачува и за слабеење кај дебели луѓе (по една лажица разматено во чаша млака млака вода, наутро на гладно). Како се приготвува мед од тиква:

За приготвување на мед од тиква ќе ви биде потребна една зрела жолта тиква. Треба да го исечете врвот и да ја извадите внатрешноста (семките и влакната). Во добиениот голем отвор ставете интегрален шеќер (или мед). Одозгора поклопете со отсечениот врв.

Тиквата се остава 10-тина дена на ладно место. Најдобро е да се стави во голема чинија или ајнцер, зошто со текот на времето ќе омекне, па ќе биде тешко да се пренесе. За тоа време, шеќерот ќе се растопи во сокот од тиквата. Штом шеќерот ќе се растопи, добиената течност се складира во стаклена тегла.

Ако случајно на капакот се фати мувла, не треба да ве загрижува, само осигурајте се дека е зафатено само на ограничено место и дека не дошло до контаминација на целата тиква. Само направете дупка во дното на тиквата, па од тој дел внимателно процедете го медот.

Медот од тиква е најдобро да се чува во фрижидер, во чиста стаклена тегла со капак. Рокот на траење е околу еден месец. За да се сочува подолго може да го проварите до згуснување, но во тој случај се губат дел од корисните состојки. Како ќе го користите овој мед – тоа е ваш избор.

Можете со него да засладувате чај, може да го консумирате самостојно по 2-3 супени лажици, може да го користите како прелив за палачинки или некоја своја варијанта. Доколку не сакате медот од тиква да го приготвите од шеќер, во тој случај користете пчелин мед.

III РЕЦЕПТ – Прочитајте ја и следната статија: Ќерка ми успеав да ја спасам од астма со мед во црна ротквица и веќе 20 години не е астматичар! Фотографија на Санела Караџиќ; рецепт на Мила Павловиќ – Сите знаеме дека црната ротквица ги лекува бронхитисот и кашлицата.

Меѓутоа, некои луѓе успеале целосно да излекуваат и хронични белодробни болести и целосно да се спасат од астмата во комбинација со други природни рецепти и препарати од природната медицина. За деца наместо црна ротквица може да се користи корен од целер, така што се ренда на најситно и се меша со иста количина мед.

Ефектот е ист. Користев многу домашни лекови и на крај успеав ќерка ми да ја спасам од астма. До 10 годишна возраст користевме само фармацевтски лекови од официјалната медицина, а еве откога се свртевме на природна медицина, веќе 20 години не е астматичар.

Наутро и давав боров мед (40 млади гранчиња од бор околу 2-3 см долги се мешаат со 1 кг ливадски мед и се остава на темно место да отстои околу еден месец. Се процедува и наутро се зема по една лажица. Потоа и давав по една чаша козјо млеко (и додавав малку несквик или какао за да го пие). На пладне и давав една лажичка мед од лубеница.

На мали лубеници им се отсекува врвот, им се вади целата пулпа, се полнат со багремов мед, се затвораат со отсечениот врв, се завиткува во дебел слој хартија и се затвора во земјен сад 40 дена. Навечер и давав мед од глуварче по една лажичка: 40 цветови колку што се тешки, толку мед им се додава.

После 7 дена се процедува. Барем двапати седмично и правев гускина супа, зошто салото од гуска помага да се обноват бронхиите. Додека астмата не започна да се повлекува, навечер и ги мачкав градите и грбот со гускина маст, па преку маста ставав истолчен лист од зелка, па шал, па најлонска фолија.

Летно време задолжително ја носевме на море, па на планина по 15 дена и ја штитевме од тутунски чад и силни испарувања во домот. Медот од ротквица исто така е ефикасен и помага, но за да се искорени астмата мора дополнително да се помогне со природни и чисти препарати.

Наместо гускина маст може да се користи и свинска маст, а во терапијата може да се додадат и јајца од препелица. Бидете упорни и верувајте дека како детето расте, така болеста се повлекува. Исто така, мора да се работи на имунитетот. Може да се цеди млада коприва, цвекло, јаболка, морков и да се даваат свежи сокови засладени со мед.

РЕЦЕПТ ЗА МЕД ВО ЦРНА РОТКВИЦА – Со овој прастар рецепт повеќепати им помогнав на своите деца, на моите внуци и на други дечиња. Случајно налетав на овој рецепт во разговор, бев убедувана дека е делотворен, па така го пробав и многу ми е драго. За да не се исфрли извадената пулпа, ќе добиете бонус салата – Милица.

Црната ротквица (Raphanus sativus) ја има зимно време, летно не може да се најде – природата навистина се погрижила за нас! Потребни состојки за сируп:1 поголемо парче црна ротквица и Багремов мед или некој друг природен мед. Потребни состојки за салата: пулпата од црната ротквица и сол, оцет, масло и ким.

Постапка за приготвување на сируп:Ротквицата убаво измијте ја однадвор со четка, бидејќи нема да се лупи. Засечете ја малку на горниот дел, а потоа издлабете ја, така што ќе добиете голема дупка, а ѕидовите околу еден см дебелина.

Со чепкалка или стапче за ражнич направете дупче на самото дно од рдоквата. Во средина налијте багремов мед или било кој мед што го имате. Ако немате мед или на него сте алергични, тогаш ставете шеќер. Оставете преку ноќ да се цеди, на топло, во чаша.

Сирупот кој се исцедил е лекот против кашлица. Се консумира по една лажица наутро и навечер. Кај потешки напади на кашлица се консумира почесто. На крајот од денот може да се изеде ротквицата. Секој пат се прави нов сируп, бидејќи не може да се чува долго.

Овој сируп помага кај некои облици на алергиски кашлици, го олеснува дишењето и помага при бронхијален катар. Го препорачуваат сите стари народни рецепти. За бонус салата: Пулпата што сте ја извадиле од црната рдоква исечете ја на тенки ливчиња или изрендајте, па оставете да отстои еден час.

Процедете, посолете и зачините со масло, бел оцет и ким. Ќе добиете вкусна и здрава салата. Салатата помага при надуеност на стомак, болести на бубрезите и мочниот меур, како и кај слаб млаз. Ублажува и желудочни тегоби. Многу е вкусна, па може да си ја јадете и секојдневно.