Народен напиток кој се прави брзо, а го штити телото подобро од било кој лек.

Триглицеридите претставуваат еден облик на масти во нашиот организам. После оброк, сите вишок калории кои сме ги внеле преку храната, се претвораат во триглицериди и се депонираат во масно ткиво.

Високото ниво на триглицериди е честа појава кај луѓето со вишок телесна тежина и најчесто се јавува како последица од нездрав начин на живеење, исхрана со брза и масна храна, слатки и консумирање на голема количина алкохол.

Честопати високото ниво на триглицериди во крвта имаат заболените од шеќерна болест, луѓе кои се под силен стрес, кои се неактивни и оние кои водат нездрав стил на живеење.

За нормализирање на високиот холестерол и триглицериди пресуден е начинот на исхраната. Две забранети групи намирници во овој случај се животинските производи (месо, јајца, млечни преработки) кои содржат холестерол и намирници преполни со заситени масти.

Пресудна улога во решавање на овој проблем играат антиоксидантите, а најдобри природни извори се овошјето и зеленчукот, особено ако се богати со витамин Ц.

Народната медицина има решение и за овој здравствен проблем. Овој лек се прави само од две состојки кои ќе ги намалат вредностите на триглицеридите и холестеролот.

Потребни состојки:

1 чаша обезмастен јогурт, кефир или со многу низок процент на млечни масти
½ лимон

Постапка:

Во чаша јогурт навечер исцедете сок од половина лимон и оставете го на ладно место, најдобро во фрижидер. Следното утро испијте го на гладен стомак.

Секое утро во следните две седмици повторувајте ја постапката. Пожелно е пред почетокот на консумирањето на овој напиток да ги измерите вредностите на холестерол и триглицериди, како и на крајот од циклусот од двете седмици. Резултатите ќе бидат и подобри отколку што сте очекувале.

Напомена: овој напиток не се препорачува за лица кои имаат проблем со желудникот.