Направив супер брзи солени стапчиња за 15 минути…Практични, вкусни и совршени за секоја пригода! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл, чаша од 200 мл):

1 мала чаша млеко
1 јајце
1 лажичка сол
1 чаша рендан кашкавал/ чедар
1 мала чаша урда/ситно/ свежо сирење
8-10 гранчиња магдонос (една рака ситно сечкано)
1 кесичка прашок за печиво
2,5 чаши брашно, се додава постепено

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги јајцето, млекото и солта. Додадете кашкавал, сирење, магдонос и прашокот за печиво. Постепено додавајте брашно и замесете меко тесто.

Покријте го тестото и оставете го да отстои 15 минути.

Потоа на малку набрашнета површина развлечете кора со средна дебелина и исечете ја на ленти широки еден прст (пократки или подолги по желба).

Стапчињата испржете ги на умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.

Ако ги печете во рерна, обложете го плехот со хартија и намачкајте ги стапчињата од двете страни (во загреана рерна на 180-200 степени, околу 15 минути или додека да поруменат).

За детална подготовка, погледнете го видеото ОВДЕ: