За лукот се вели дека е една од најздравите намирници, а кај нас е достапен во текот на целата година.

ТОНИК ПРОТИВ ГРИП

Потребни состојки:

½ главица кромид

5 чешниња лук

2 црвени чили пиперчиња

1 лажичка ѓумбир

1 лимон – сок

органска јаболкова киселина

Постапка:

Состојките се сечкаат на покрупно.

Во тегла од 500 мл ставете го сечканиот кромид. Потоа додадете го лукот. Потоа додадете ги пиперчињата. Па на крај, внимателно ставете го ѓумбирот на врв. Лимонот мора да го исцедете во друг сад, да ги отстраните семките а потоа да го прелиете врз мешавината.

На крај дополнете ја теглата со јаболкова киселина, така што само еден семтиметар од врвот да биде празен.

Затворете ја теглата и чувајте на темно и ладно место. Вашиот тоник за настинка и грип е готов.

Не заборавајте дека лукот важи за најдобар природен лек против вируси и настинки.