Случајно налетав на овој прекрасен рецепт за солени стапчиња кои можат да се послужат како ужина или за вечера. Дечињата особено многу ги обожаваат, а ги послужив и кога имав гости и тие беа воодушевени. Мирисаат прекрасно, а сѐ е готово за кратко време, нема месење на тестото, ниту валкање на многу садови.

ПРВ РЕЦЕПТ




Стапчињата обично се прават од тесто, но за нив има и многу полесен рецепт. Иако не излегуваат крцкави, тие се меки и ароматични, бидејќи во смесата се додава и лук. Само измешајте ги состојките, истурете во тавче и печете кратко време. Ќе бидете воодушевени од резултатите, а Италијанците често го служат ова фантастично печиво за појадок или вечера, но и како предјадење. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 5 чешниња лук, 100 г рендан кашкавал, 2 јајца, 60 г скроб (згуснувач), 125 мл вода. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1/2 голема лажица сув квасец, 1 голема лажица шеќер, 120 мл топла вода, 200 г брашно, 1/2 голема лажица сол и 2 големи лажици масло. Количината на шеќер и сол може да ги прилагодите по потреба.




И УШТЕ: 2 големи полни лажици несолен путер, 30 г или 1 полна голема лажица крем сирење, а може да ставите и павлака и уште 10 г ситно сечкан лук или повеќе доколку сакате појак вкус. И уште ќе ви биде потребно: 280 г рендана моцарела, малку пармезан и оригано за наросување.

ВТОР РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Чешнињата лук исечкајте ги на ситни парчиња, па ставете да се пропржат на најтивок оган на рингла, со малку масло. Со повремено мешање, гответе ги лукчињата додека малку да потемнат, но внимавајте да не ви загорат. Потоа тргнете го лукот од рингла и префрлете го во подлабок сад, каде што ќе ја подготвите остатокот од смесата.




Изрендајте го кашкавалот и додајте го во садот со лукчето. Исто така, додајте ги и јајцата и водата. Добро измешајте ја смесата со жица/маталка, па посолете и запиперете ја смесата, па на крајот додајте го скробот. Промешајте да се соединат состојките и смесата да стане еднолична. Конзистентноста треба да биде течна, малку погуста од вода, не треба да биде сува.




Доколку смесата ви е погуста, додајте повеќе вода. Откога ќе ја соедините, излејте ја смесата во помал и тенок плех, обложен со хартија за печење и израмнете ја. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете го печивото во рерна уште 15 минути. Потоа, извадете и исечете на правоаголници и послужете.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад замесете го тестото. Прво ставете го квасецот, додајте го шеќерот и топлата вода и промешајте додека квасецот се раствори во водата. Потоа додајте го брашното заедно со солта и започнете да замесувате тесто. Најпрво состојките ги мешате со лажица додека да почне да се формира тестото, а потоа преминувате на месење со раце. Доволно е да се формира меко и нелепливо тесто без остатоци од брашното на него.




Доколку тестото има остатоци од состојките или е како распаднато, започнете да го „фрлате” на рамна подлога, како да го истресувате. Вратете го во садот каде што го замесувте и додајте го маслото и месете сè додека тоа добро се апсорбира во тестото.

Оставете го тестото да стасува, додека да ја удвои својата големина. Во меѓувреме подгответе го сосот од лук: Ситно исечкајте го лукот, па во него додајте го крем сирењето и претходно растопениот путер и сѐ измешајте во компактна смеса.




Стасаното тесто пресечете го на два еднакви дела и замесете го секој дел навнатре за да се ослободат гаcoвите од него. Потоа развлечете го секој дел со оклагија во тенок правоаголник како за пица. Вака подготвеното тесто префрлете го на хартија за печење и премачкајте го со пастата од лук.




Одозгора наросете моцарела или некој друг лесно растоплив кашкавал, малку пармезан и оригано. На ист начин подгответе го и второто тесто. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 210 степени, 8-10 минути, а потоа извадете од рерна, оставете малку да се излади и исечете го на правоаголници. Деталите од за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.