НАПРАВЕТЕ СИ СИРУП ОД ЃУМБИР И ЛИМОН: за вирози и настинки, преполн со витамин Ц. Домашен природен сируп против настинки, помага многу, а се подготвува многу лесно. Лекот се прави од 3 состојки: ѓумбир, лимон и шеќер, а се додава и вода по потреба.





На сите им се познати корисните својства на лимонот, кој покрај витамин Ц содржи и органски киселини, го поддржува и јакне имунолошкиот систем и се препорачува кај настинки.

Меѓутоа, кога лимонот ќе се искомбинира со ѓумбир, доаѓа до повеќекратно зголемување на неговите својства како природен лек. Додавањето на ѓумбир во оваа комбинација придонесува за зголемување на неговите лековити својства и разредување на густата, леплива слуз.




На тој начин се ублажува кашлицата и се олеснува б олката во грло. Ѓумбирот поседува антибактериски, антигабични и антикоагулантни својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинка. Исто така се користи и кај алергија, а има и антивоспалителни својства.




Во продолжение прочитајте како се подготвува лекот. Ќе ви бидат потребни следниве состојки: 400 г лимони, 200 г ѓумбир и 550 г шеќер. Исто така ќе ви биде потребно и вода по потреба, но според рецептот ќе си ја прилагодите количината. Истиот лек, наместо со шеќерен сируп, може да се приготви со мед.




Најпрво добро се чистат лимоните бидејќи за приготвување на овој лек, потребно е да се искористи и нивната кора. Врз некој поголем сад се тријат лимоните со сода бикарбона, се ставаат и се преливаат со вода додека целосно да се прекријат, па се оставаат така да отстојат 15 минути на собна температура.




Потоа таа вода се истура, а лимоните уште еднаш се третираат, но овојпат со крупна сол, на истиот начин како и со сода бикарбона. Еден по еден лимон добро се трие со крупната сол, се оставаат во садот и повторно се прелеваат со вода.




Со кујнска четка се прави уште едно длабинско чистење на кората од сите лимони, а потоа во друг сад се полни врела зовриена вода. Со помош на држач, за да не се изго-рите, се потопува еден по еден лимон во врелата вода. Ова е последниот чекор од чистењето.




Потоа лимоните се сушат и се пребришуваат со крпа, па се сечат на тенки кругови со дебелина од неколку милиметри. Ѓумбирот се лупи од лушпата и се сече на тенки и мали парчиња и се става во подлабок, чист сад.




Пред да ги ставите исечените кругови лимон во садот со ѓумбир, извадете ги семките од нив бидејќи имаат горчина која може да ви го вло-ши вкусот на сирупот. Откога ќе ги извадите семките, додајте ги лимоните во садот со ѓумбир и промешајте.




Потоа додајте го шеќерот и мешајте уште неколку минути додека лимонот почне да го испушта својот сок. Оставете сирупот да отстои во садот 30 минути пред да го складирате. Во меѓувреме, стерилизирајте ги теглите заедно со соодветните капаци во рерна или ставете ги во тенџере со вода и почекајте додека водата да зоврие.




Важно е теглите после пастеризацијата добро да се оладат и да се исушат, а потоа сирупот се складира во нив. Сирупот треба да отстои 1 ден на собна температура и уште 2 дена во фрижидер пред да се употреби.

Начин на примена: Во чаша, наутро на празен стомак, се става нешто помалку од 1/3 во чашата од течноста од сирупот заедно со лимоните и ѓумбирот. Потоа во чашата се прелива со врела, зовриена вода и се чека да отстои 5 минути.

Прво се пие течноста, а потоа се јаде овошјето кое што е на дното од чашата. Најдобро е доколку овој лек го конcyмирате наутро, веднаш по будењето на празен стомак. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.