Реформ тортата можете да ја направите без брашно, а ќе биде вкусна како оригиналот. Познатата Реформ торта е класика на домашната кујна и е незаменлива на секоја прослава. Секоја домаќинка која сака да ги покаже своите кулинарски способности ја прави оваа торта. Не само што е вкусна, туку е и лесна за подготовка, а можете да ја направите и без брашно.




Исто така, заменете го чоколадото со некоја поевтина состојка како какаото, а ќе биде подеднакво вкусна, како оригиналот. Јас ја подготвив минатата година за роденденот на свекрва ми, а таа беше воодушевена од овој рецепт. Не се потрошив многу ама тоа што го добив како резултат беше фантазија, затоа ја препорачувам на сите. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРАТА: 10 белки, 200 г ореви, прстофат сол, 200 г шеќер, 40 г густин (нишесте). ЗА ФИЛОТ: 10 жолчки, 130 г шеќер, 150 мл млеко, 20 г какао, 200 г путер. ЗА ДЕКОРАЦИЈА ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 15 г какао, 50 г крупно, сечкани ореви.




ПОСТАПКА ЗА КОРАТА: Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Жолчките ставете ги настрана, ќе ви бидат потребни за кремот. Изматете ги белките со прстофат сол додека да станат пенасти. Додајте го згуснувачот и шеќерот и измешајте со миксер, со постепено зголемување на брзината, додека да станат црвсти, како снег.




Потоа додајте ги ситно сечканите или мелени ореви и нежно измешајте со шпатула, за снегот да не спласне. Ја ставам мелени ореви во кората, а декорирам со покрупно сечкани ореви. Излејте ја смесата во плех со димензии 30х35 см, обложен со хартија за печење и израмнете. Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути, во зависност од рерната.




По изминатото време, проверете дали кората е печена со чепкалка, но не е потребно повеќе време за печење бидејќи е тенка. Потоа, извадете го плехот од рерна и оставете кората да се олади целосно. Исечете ја кората на 3 еднакви правоаголници.




ПОСТАПКА ЗА ФИЛОТ: Во тенџере измешајте ги жолчките, шеќерот и млекото. Гответе на рингла, на средна температура додека мешате. Сварете фин и густ пудинг, а потоа тргнете од оган и додајте го какаото во готовиот фил и измешајте. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади.




За тоа време изматете го путерот на собна температура додека да стане пенест. Постепено додавајте го изладениот фил во него и соединете со миксер. Првата кора премачкајте ја со филот, а потоа ставете ја втората и премачкајте ја и неа, па одозгора ставете ја третата кора и со неа премачкајте ја целата торта.




Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне минимум 2 часа или преку цела вечер. Потоа декорирајте ја со какао и со крупно, сечкани ореви на средина по тортата. Послужете ја тортата на правоаголни парчиња, со дебелина по ваша желба. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.