Фото и рецепт: Марија Сербиќ

Колачот може да се приготви во посна и мрсна верзија, во зависност од тоа какво чоколадо ќе користите за негово приготвување. За посна варијанта користете посно соино бело чоколадо кое може да се купи во поголемите маркети.

Потребни состојки:

300 г бело чоколадо
9 лажици масло или 70 г кокосова маст
60 г сечкана брусница
60 г суви кајсии
60 г суви смокви
Може да се додаде 100 г бадеми или лешници, 30 г суво грозје, лимонова кора…

Постапка:

Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со маслото загрејте ги на пареа или на многу слаб оган. Мешајте постојано додека да се растопи и да се соедини.

Додадете го сечканото суво овошје и промешајте за да се изедначи, па смесата излејте ја во калап. Оставете во фрижидер или на ладно да се стегне околу два часа, па сечете на триаголници.

Фото и рецепт: Марија Сербиќ