Домашна, вкусна, сочна пита со компири…многу вкусно посно јадење, прсти да излижеш… Оваа пита е вистински специјалитет, особено за љубителите на месеното. Питата е посна, па одлична е за денови во пост. Еве што ви е потребно:
Состојки за тестото: 700 г брашно, 1 лажичка сол, 2 чаши вода, масло, малку маргарин
Состојки за филот: 1 кг компири, 1 главица кромид, 3 лажички сол, 1 лажичка мелен црн пипер, 2 лажици масло
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете го брашното, помешајте го со солта и со постепено додавање на вода замесете помеко тесто кое не се лепи. Истресете го на работна површина и поделете го на три дела.
Обликувајте топчиња. Малку сплескајте ги со рака, наросете ги со брашно и оставете да одморат 5-10 минути. Потоа развлечете ги во кори со големина на чинија.
Одозгора премачкјате ги со малку масло, а потоа и со малку маргарин омекнат на собна температура. Уште малку развлечете ги при премачкувањето, преклопете ги на половина и наредете ги врз набрашнета површина.
Покријте ги и оставете ги настрана да одморат додека го приготвувате филот. Компирите излупете ги и исечкјате ги на колку можете поситни коцкички. Додајте ситно сечкана главица кромид, посолете, запиперете, сипете малку масло и промешајте.
Потоа земете една кора и внимателно со рацете развлечете ја врз чаршав во тенка кора. Детално како се тегнат кори можете да прочитате ОВДЕ. Од двете страни на кората ставете фил и испрскајте ја целата кора со масло.
Со подигање на чаршавот свиткајте две тенки ролнички. Пресечете ја кората на половина за да ги одвоите, а потоа наредете ги во намастен плех.
Вака приготвените пити премачкајте ги одозгора со масло и ставете ги да се печат половина час во претходно загреана рерна на 250 степени. Печената пита додека е врела испрскајте ја со врела вода и премачкјате ја со масло.
Оставете малку да одмори, па сечете ја и послужете ја. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.