Напиток за слабеење: не си ги трошете парите за вештачки суплeменти, слабејте природно

Ова е еден исклучително здрав, зелен напиток кој е корисен за бројни состојби во организмот, но меѓу останатото го карактеризира и тоа што поттикнува согорување на мастите, па затоа е добар сојузник во борбата против вишокот килограми. Поради тоа со право го носи називот НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ, па еве како гласи рецептот:

Потребни состојки:

  • 1 целер (околу 250 г)
  • 1 краставица (околу 300 г)
  • 2 јаболка (околу 350 г)
  • листови кељ (околу 200 г)
  • 1 корен од ѓумбир (околу 25 г)
  • 1 лимон (сок, околу 25 мл)

Постапка:

Целерот, краставицата, јаболката и ѓумбирот излупете ги, исечете ги на коцкички, па сите заедно со кељот ставете ги во соковник и од тоа направете сок. На крај додадете и сок од лимон, и ете, тоа е тоа, напитокот за слабеење е подготвен за употреба. Може да се пие во било кој период од денот, но најдобар ефект за согоревање на мастите дава кога се пие после оброк.

Претходна статијаМевлем за лекување на акни и митесери – кажете им збогум на бубулиците со овој едноставен лек од две состојки
Следна статијаЌе им доаѓаат пари од сите страни – овие хороскопски знаци ќе се збогатат во октомври