Американските писателки Елен Фајн и Шери Шнајдер пред 20 години објавија книга во која собраа совети за жените како да го најдат вистинскиот маж.

Според нив, мажите брзо губат интерес за жени кои лесно можат да ги освојат. Жената треба да се однесува со мажот како да не и е грижа за него ако сака да го предизвика. Според нивното мислење, жената треба да создаде атмосфера на мистерија и да го натера мажот да сака да ја запознае.

Ајде да видиме кои се правилата, според мислењето на овие две писателки, а според кои би можеле да му овозможат на мажот да биде „опседнат“ со вас. 1. Жената треба да се разликува од другите и да изгледа поинаку од другите жени, да е своја и уникатна. 2. Жената не треба прва да му приоѓа на мажот, прва да започнува разговор, да му се јавува или да му пишува.

3. Жената не треба да кани маж на состанок преку СМС, социјални мрежи или на друг начин. Ваквата жена веднаш „паѓа“ во очите на мажот и со неа никогаш ќе нема сериозни намери. 4. Почекајте најмалку 4 часа пред да одговорите на првата порака добиена од мажот кој ви се допаѓа и најмалку половина час пред да одговорите на секоја следна порака.

5. Кога на маж ќе му кажете „Ајде да разговараме“ тој ќе исчезне од вашиот живот со брзина на светлината. Мажите не сакаат „учителки“ ниту сериозни разговори. 6. Никогаш не одговарајте на пораките после полноќ. 7. Не прифаќајте покана за излегување во сабота, нека биде тоа во среда, на пример.

Покажете му дека имате свој живот. Ако ви се јави доцна, кажете му дека веќе го имате испланирано викендот. 8. Држете се настрана од неговите социјални мрежи и не објавувајте ништо на неговиот ѕид. 9. Дајте му до знаење на мажот дека сте зафатени и водите интересен живот.

Не му покажувајте дека само го чекате неговиот повик или порака. Дозволете му да даде сè од себе за да ве освои. 10. Не поминувате со него 24 часа на ден, седум дена во неделата. 11. Ако сте во врска на далечина, инсистирајте да се гледате што почесто. 12. Никогаш први не им праќајте пораки на мажите на сајтовите за запознавање.

13. Не нудете се да ја платите сметката од состанокот или да ја купувате неговата љубов на кој било начин. 14. Не си го уништувајте животот излегувајќи со оженет маж. Ако веќе сака врска со вас, кажете му да ве контактира кога ќе биде слободен.

15. Не излегувајте со мажи кои откажуваат состаноци во последен момент. 16. Не им праќајте на мажите пораки поради кои би можеле да зажалите подоцна ако раскинете. 17. Не се задоволувајте со минливи авантури и врски за една ноќ.

18. Не се согласувајте да спиете со маж на првиот состанок. Така само ќе оставите впечаток на „лесна“ девојка. Колку подолго одбивате интимност, толку повеќе мажот ќе ве цени. 19. Не излегувајте со маж кој не сака посветеност.

Ако и по една година врска го одбие бракот и зборува негативно за бракот, замолете го малку да размисли и да ви се јави кога ќе биде подготвен да се посвети. 20. Не ви треба маж кој го заборава вашиот роденден или кој било друг важен датум.