Home Здравје Напиток од УРОВ против маснотии во крвта, болки во ‘рбетот, слаб срцев...

Напиток од УРОВ против маснотии во крвта, болки во ‘рбетот, слаб срцев мускул и хемороиди

УРОВ (vicia sativa/vicia ervilia) е мешункасто растение кое главно се користи како сточна храна. Меѓутоа, ова растение е многу хранливо и корисно и за луѓето.

Ова е мeшункасто растение од подвид на граор, пченица, ‘рж, јачмен и леблебија. Изобилува со минерали особено калиум, калциум, магнезиум а од витамини содржи витамин Е, А и Д.

Посебно се препорачува за луѓе со ослабната мускулатура или болки во ‘рбетот, грбот и вратот. Во комбинација со печен ‘рж се користи за намалување на маснотиите во крвта и регулирање на целиот липиден статус.

Може да помогне при:

-Хемороиди
-Имунитет
-Јакнење на срцев мускул

Рецепт за МАСНОТИИ ВО КРВ

Потребни состојки:

200 г печен уров
200 г печен ‘рж

Постапка:

Во сува тава пропржете ги семињата, па откако ќе изладат сомелете ги во прав, а мешавината складирајте ја во стаклена тегла.

Се приготвува на следниот начин: Една супена лажица од мешавината се натопува одвечер во чаша вода, а наутро на празен стомак се пие.

<

Обидете се овој напиток да го пиете незаследен, на гладно. Се пие во текот на 10 дена секое утро, непрекинато.

Овој напиток го зајакнува срцевиот мускул, ја поттикнува менталната и физичката активност на целиот организам.