Ова е чудотворен напиток кој е многу лековит и го полни телото со нова енергија. Особено доколку имате проблем со крвната слика, копривата ќе ви помогне, а еве како да го направите овој здрав напиток.

Копривата има одлично влијание врз панкреасот и го намалува нивото на шеќер во крвта. Оваа билка може да излекува болести и воспаление на уринарниот тракт, како и болести на задржување на урината.

Најлековита е во пролет, кога е млада, но може да се користи и преку целата година, свежа или во сув облик. Листовите од коприва се богати со витамините А, Б, Д, Е и К, и минерали: калциум, манган, железо, калиум, цинк, магнезиум и бакар, како и ензими и хлорофил.

Потребни состојки:

1 кг листови коприва*
2 лимони
2 јаболка
500 г мед
1 желатин или пектин

Постапка:

*Доколку имате сува коприва, одвечер ставете ја во малку млака вода и оставете ја поклопено до следниот ден за да се хидрира. Лимоните истретирајте ги со раствор од сода бикарбона, па исечете ги и извадете им ги семките.

Јаболката излупете ги, а ако се органски и непрскани, само добро измијте ги и исчистете ги од семките. Ставете ги во блендер заедно со копривата и лимоните, па сомелете ги додека да добиете хомогена смеса. Потоа во смесата додадете мед и желатин или пектин. Смесата складирајте ја во топли и стерилизирани тегли.

Употреба: Секој ден консумирајте по две супени лажици од смесата пред секој оброк.

Копривата е најдоброто средство за чистење на крвта и поправање на крвната слика. Има добро влијание врз панкреасот и го намалува нивото на шеќерот во крвта.

Ги смирува воспаленијата и инфекциите на уринарниот тракт и ја подобрува работата на цревната флора. Се користи за лекување на црн дроб и жолчно ќесе, лошо спиење, грчеви во стомакот, чиреви, белодробни заболувања…

Ако ви фали железо во крвта и постојано се чувствувате уморно, копривата е она што ви е потребно! Таа во својот состав има изобилство од железо и успешно ја лекува анемијата.