Овој напиток кој уште го нарекуваат и „мевлем за стомакот“ го елиминиpа вишокот масти и вода од организмот, ја подобрува функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот, општо ги засилува когнитивните функции.

За сето ова се заслужни главните состојки од кои се приготвува овој напиток-мевлем, бидејќи не само што ја подобруваат циркулацијата и протокот на крвта, туку овозможуваат и подобра снабденост со кислород и хранливи материи до ткивата.

На тој начин доаѓа до зголемување на метаболизмот и согорување на масните клетки кои инаку, многу тешко се pазбиваат.

Главни состојки на овој рецепт се свежиот рен, непрскани лимони со кора и мед. Веќе доста имаме пишувано за медот и лимонот, па затоа само накратко ќе се задржиме на ренот.

ВКУС КОЈ СÈ ГОВОРИ: Кога ќе го пробате овој напиток-мевлем, самиот вкус ќе ви каже на кој начин тој делува. Ќе имате чувство како буквално cалото да се пpжи, ќе почувствувате дека нешто се случува, нешто необично.

Оние што претходно го пробале ренот знаат колку тој е лут, па доколку имате чувствителен стомак, консултирајте се со вашиот лекар пред негово консумирање.

Поради неговиот состав (витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор) – ренот освен како гурманско, се користи и како лековито средство.

Претставува чест додаток во разни јадења, посебно со масна храна, бидејќи помага полесно да се свари.

Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го елиминиpа уморот, па најмногу им се препорачува на диетичарите, дијабетичарите и оние кои имаат вишок холестерол.

Го поттикнува размножувањето и развојот на корисните бактерии во цревата, со што доаѓа до баланс во микрофлората, од која пак, зависи и нашиот имунитет, односно отпорноста на болести. Еве што е потребно:

Потребни состојки:

125 г рен
3 непрскани лимони
3 лажици мед

Постапка:

Измиксајте во блендер 125 г рен. Земете три лимони, расечете ги, извадете ги од нив семките, па заедно со кората исто така измиксајте ги и измешајте ги со ренот.

Во оваа смеса додадете три лажици мед и сето добро измешајте го. Складирајте го во затворена тегла и чувајте го во фрижидер.

Употреба: По една мала лажичка од мевлемот двапати дневно со оброк. Се консумира во текот на три седмици и ќе забележите како обемот на стомакот ви се намалува. Пред употреба советувајте се со нутриционист или лекар.