Секоја жена треба да знае кои маски помагаат и и’ годат на нејзината кожа. Покрај козметичките третмани, најважни се оние кои сами дома ќе си ги приготвите.

Брчките на деколтето и вратот се многу чести. Нашето тело старее кожата груби бидејќи ја губи еластичноста. Не можемо целосно да се ослободиме од брчките, но можеме да ги намалиме да бидат помалку видливи со помош на бројни природно лекови кои ја враќаат еластичноста на кожата.

Постапката е многу едноставна, а сè што е потребно е редовно да ги користите овие маски.

Одбегнувајте да консумирате масно и пржено месо, индустриски обработена храна и шеќер, бидејќи акумулираните токсини значително го нарушуваат изгледот на кожата и здравјето на телото во целина.

Покрај тоа, за хидратација се препорачува да пиете доволна количина на вода и природно цедени сокови. Користете ги овие три маски за лице и гледајте како во рекорно време брчките исчезнуваат. Направете си распоред кој ден која маска ќе ја користите.

1.Маска од јајце, краставица и кокосово масло

Оваа маска треба да ја нанесете само еднаш седмично. Ова е доволно за да ви го трансформира лицето за многу кратко време. Тоа се должи на различните хранливи состојки содржани во жолчката и неверојатните антиоксидативни својства на краставицата и кокосовото масло.

Потребни состојки:

1 помала краставица
1 жолчка
1 лажица кокосово масло

Постапка:

Краставицата излупете ја, исечете ја и ставете ја во блендер. Потоа измешајте ја со жолчката и кокосовото масло, додека да добиете паста. Нанесете ја смесата на чисто лице, врат, деколте и раце, па оставете да делува половина час. Исперете со ладна вода.

2.Маска од јогурт, пивски квасец и пченични снегулки

Ова е навистина еден моќен рецепт кој може да го зголеми производството на колаген, да ја хидрира кожата и да ги намали брчките.

Потребни состојки:

100 г обичен јогурт
1 лажица пивски квасец
1 лажица овесни или пченични снегулки

Постапка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете на чиста кожа од вратот и деколтето. После 15-20 минути исперете со ладна вода. Повторувајте ја постапката трипати седмично.

3.Банана маска

Го зголемува производството на колаген и ја подобрува еластичноста на кожата, а покрај тоа врши регенерација на пителот.

Потребни состојки:

1 лажица мед
1 лажица маслиново масло
1 зрела банана

Постапка:

Измешајте ги состојките и с,есата нанесете ја на чиста кожа, па оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со ладна вода. Постапката повторувајте ја трипати седмично.

Пред почеток на било кој нов крем или маска за лице, ставете малку на некој дел од кожата и проверете дали имате алергиски реакции. Доколку немате никакви реакции слободно користете ги маските. Секое утро после туширањето нанесете малку кокосово масло на влажна кожа.