Home погача НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Меко како облаче, се топи во уста како снегулка…

НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Меко како облаче, се топи во уста како снегулка…

НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Меко како облаче, се топи во уста како снегулка…Запишете си го овој едноставен рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млако млеко
4 лажици шеќер
1 лажичка сол (не полна)
1 лажичка ванилин шеќер
1 јајце и 1 белка на собна температура
1 кесичка сув квасец 10 г
1 лажичка прашок за печиво
80 мл масло
50 г путер
1 лажица оцет 9%
850 г брашно

За премачкување:
1 жолчка+млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот во млака вода. потоа по ред додајте ги солта, ванилата, прашокот за печиво, маслото и јајцата (1 жолчка тргнете настрана), па со постепено додавање на брашното замесете тесто.

Кога тоа ќе стане комапктно, додајте го оцетот и омекнатиот путер и домесете го за да се измазни.

2.Покријте го и оставете го да ферментира 45 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

3.Малку истиснете го воздухот од него и веднаш поделете го на 16 топчиња и наредете ги во намастена тепсија/плех.

4.Покријте ги со кеса и оставете ги на топло да ферментираат 20 минути.

5.Кога ќе нараснат премачкјате ги со изматена жолчка во која сте додале лажичка млеко и посипете сусам.

6.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.