Кога бевме мали, нашите баби и мајки често подготвуваа пити кои ги полнеа со сирење, спанаќ, праз, џимиринки… Оние пити кои се филуваа со џимиринки отсекогаш ми беа омилени и јас пораснав со нив. Пробајте го рецептот за штрудли со џимиринки (чварки) на Верица Николиќ. Тестото е многу убаво за работење, а кога ќе се испече е вистинско задоволство. Еве што ви е потребно:

Фото и рецепт: Верица Николиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 1/2 кг меко брашно тип 400, 1/2 коцка свеж квасец (25 г), 1 лажица шеќер, 1,5 лажички сол, 250 мл млеко, 3 лажици кисела павлака, 1 јајце. ЗА ФИЛОТ: 250 г џимиринки (чварки), 1 лажица кисела павлака, мелен пипер по вкус.




ПОСТАПКА: Во млакото млеко (на собна температура) се додава една кафена лажичка шеќер и се рони свежиот квасец, па сѐ се меша со жица/маталка и се остава квасецот да се активира, 10-тина минути, во топла просторија. Кога квасецот ќе набубри (во потопло млеко се активира побрзо) се започнува со постепено додавање на брашното.




Додајте ја солта, истовремено со брашното, додека го додавате на неколку наврати. Започнете да ги соединувате состојките со лажица, а кога ќе се апсорбира течноста од млекото во брашното, замесете го тестото со рака. Додека тестото не е уште добро соединето, додајте ги јајцето и павлаката.




Квасецот може да го додадете и на друг начин, а тоа е да го активирате настрана со помалку од 1 лажица шеќер, заедно со млекото, па на крајот да го сипете во брашното. Замесете фино и меко тесто, кое не треба да се лепи на прсти. Обликувајте го во топка и ставете го во набрашнет сад.




Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставете го да нарасне додека да се удвои во големина. Препорачливо е тестото да отстојува во близина на радијатор или вклучена рерна за побрзо да ја удвои својата големина. Додека го чекате тестото да нарасне, во меѓувреме подгответе го филот:




ЗА ФИЛОТ: Џимиринките се ставаат во блендер, се мелат или се сечкаат на многу ситно, се додава црниот пипер и павлаката. Убаво измешајте во кремаст фил за да може добро да се премачка тестото. Нараснатото тесто префрлете го на набрашнета површина, премесете го уште малку со раце и развлечете го со оклагија, па обликувајте го во валјак и поделете го на пет еднакви делови.

Фото и рецепт: Верица Николиќ




Секој дел формирајте го во топка, а потоа секој ден развлечете го во круг од 24 см. Потоа, на набрашнета површина ставете ја првата кора и премачкајте ја со дел од подготвениот фил. Со премачкување наредете ги останатите кори од тесто една врз друга, при што последната кора не се премачкува.




Покријте го тестото со кујнска крпа и оставете го да одмори околу 15 минути. Потоа, со оклагија се развлекува кората во правоаголна форма со димензии 53×50 см или според големина на најголемиот плех кој го имате (треба да се добие тенко тесто), па последната кора премачкајте ја со последниот дел од филот, кој се дели на пет.




Од двете, подолги, страни завиткајте во ролат до средината на кората, па исечете ја кората помеѓу пресекот на ролатите за да добиете два ролати. Секој ролат исечете го на парчиња долги 5 см и наредете ги во плех, обложен со хартија за печење. Покријте го плехот со кујнска крпа и оставете ги штрудлите да нараснат 15 минути.




Фото и рецепт: Верица Николиќ

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Нараснатите штрудли премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко и печете ги додека да поруменат, околу 20-25 минути. Штрудлите се печат со пресечените страни свртени кон плехот. Оние кои сакаат џимиринки ќе бидат воодушевени од вкусот на овие штрудли. Фото и рецепт на Верица Николиќ.