Највкусниот бешамел сос – на овој начин секогаш успева

Рецепт и видео презентација на “најдобри Домашени Рецепти” – како се прави бешамел сос. Бешамел сосот е неизбежен во нашата кујна. Тоа е основен додаток во приготвувањето на солените јадења како што се лазањи, паста, тестенини, мусака, солени запечени јадења…

…и како основна база за останати сосови. Потребни состојки кои ќе ви бидат потребни за да приготвите бешамел сос: 80 г путер, 80 г брашно, 1 литар млако млеко, црн пипер, мускатно оревче и сол по вкус. Постапка: На умерена температура ставете 80 г путер да се растопи.

Во растопениот и загреан путер додадете 80 г брашно и со постојано мешање пропжете го 2-3 минути. Кога брашното ќе се запржи постепено започнете да додавате млако млеко (претходно малку загрејте го). Додавајте го во тенок млаз и постојано мешајте.

Откако ќе го додадете целото млеко продолжете со мешање уште 10-12 минути додека смесата да започне да се згуснува, со конзистенција на густ јогурт. На крај зачинете со мускатно оревче, црн пипер и сол по вкус. Уште малку промешајте за да се растопат и соединат зачините.

Ова е основата на бешамел сосот. По желба може да додадете разновидни зачини, малку повеќе црн пипер, ловоров лист и слично и една рака рендан кашкавал и едно разматено јајце додека е топла смесата со енергично мешање. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ.

Вториот рецепт за бешамел сос може да се земе исто така, како основен, со таа разлика што сепак во него се содржат додатоци кои му го збогатуваат вкусот, а тоа се кромидот и ловоровиот лист. Рецепт два: Што е потребно за да направите вкусен бешамел сос.

Многу жени, иако се добри домаќинки, не умеат секогаш да направат добар бешамел сос. Ова е навистина добар рецепт. Потребни состојки: 2 чаши полномасно млеко, 4 супени лажици брашно, кромид исечен на поголеми парчиња, ловоров лист, 4 лажици путер.

Постапка: Ставете го путерот да се растопи, па додадете го кромидот и ловоровиот лист. Сето пропржете го па додадете го брашното и мешајте на тивок оган додека да стане смесата мазна без грутки. Постепено додавајте го млекото со постојано мешање. Додавајте млеко додека да ја добиете саканата густина. После тоа, процедете и послужете.

Во продолжение на текстот прочитајте неколку рецепти за убави сосови за тестенини – Рецепт за убав сос за тестенини кој има вкус како од најдобрите ресторани. Тестенините се секогаш добар, заситен и вкусен оброк кој може да се приготват на милион различни начини.

Некои ги сакаат само со ситно сирење или доматен сос, други потпечени со јајца и сирење, трети со болоњезе сос од мелено месо, но убедливо најомилените се овие, приготвени со белиот сос и пилешко месо. За РЕЦЕПТ 1 ќе ви бидат потребни следните состојки:

Тестенини (облик по ваша желба), 2-3 парчиња пилешки гради (бело месо), 200 г крем сирење, 1 мала конзерва пилешка крем супа, 1 конзерва шампињони, 1 домат, 1 пиперка (по можност халапињо), 100 мл млеко, сол, црн пипер, сув зачин по вкус и малку магдонос.

Постапка: Месото исечете го на коцки, зачинете го по вкус и пропржете го кратко на минимално масло, колку да зацрвени и да му се затворат порите, но да остане сочно. На месото додадете му го крем сирењето, доматот исечен на коцкички, а исто така и ситно исечканата пиперка.

Издинстајте добро, па додадете ја крем супата и печурките. Уште малку динстајте, додадете го млекото, оставете да се вари уште некоја минута колку да се соединат состојките. Одозгора наросете магдонос, па тргнете го садот од оган. Тестенините сварете ги во солена вода според упатството, а најдобро ал денте.

Процедете ги, па додадете го сосот. Промешајте и сервијате го топлото јадење. РЕЦЕПТ 2 – тестенини карбонара. Потребни состојки: 250 г тестенини, ½ главица кромид, 100 г димена сланина, 250 г неутрална течна павлака за готвење, 1 жолчка, црн пипер и сол по вкус.

Постапка: Во водата ставете малку масло и сол, па кога ќе зоврие ставете ги тестенините да се сварат според упатството. Потоа пригответе го сосот карбонара. Половина лажица масло загрејте на тава, па во врелото масло испржете ги ситно исечканиот кромид и сланина.

Во посебен сад со виљушка изматете ја жолчката и додадете ја во павлаката, а потоа и во пржената сланина. Посолете и запиперете по вкус. Безо мешајте, па кога ќе згусне додадете ја варената тестенина. РЕЦЕПТ 3 – Англиски тестенини со пилешко и печурки.

Потребни состојки: 200 г тестенини, 1 средна главица кромид, 1-2 чешниња лук, 250 г печурки, 200 г грашок, 2 парчиња бели пилешки гради, 250 мл пилешка крем супа (или коцка), 200 мл бело вино, 1-2 лажици кисела павлака или бешамел сос, 1 лажица рендан пармезан, сол, црн пипер, масло.

Постапка: На загреано масло испржете го пилешкото, а кога ќе биде готово извадете го на чинија. Во истото масло издинстајте го ситно сечканиот кромид, додадете изгмечен лук и сечкани печурки. Вратете го месото во тавата, додадете го грашокот, супата и белото вино.

Гответе поклопено додека поголемиот дел од течноста да испари. Зачинете по желба. Додадете ја павлаката за готвење/кисела павлака/бешамел сос. Во тенџере сварете ги тестенините според упатството, па додадете ги во сосот. Може да додадете ситно сечкан свеж магдонос за вкус, а одозгора да наросите рендан пармезан.

Претходна статијаДоволна е една лажица рибино масло дневно, за да ви се случат десет убави работи
Следна статијаКолач подобар од торта – оној стар, мирисен, полн со разно овошје – мек како пена