I РЕЦЕПТ – Салатата број 1 во етно рестораните – печени пиперки со лук и сирење, кремаста и неодолива. Ако сте љубители на кремастите оброк-салати, ова е идеален рецепт за вас. Постапката за приготвување е толку едноставна, што поедноставна не може да биде, а салата е вистинки деликатес.

Со оваа салата можете да појадувате, ручате или вечерате. Затоа, ако досега ниеднаш не сте ја пробале, не го пропуштајте овој рецепт, бидејќи ќе бидете воодушевени. Потребни состојки: 10 пиперки печени и исчистени, 2 печени лути пиперчиња, 4-5 чешниња лук, 600 г сирење и 50 мл масло.

Постапка: Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки (прво измијте ги со ладна вода, избришете ги, испечете ги, па оставете ги да се изладат во најлонска кеса. Потоа излупете ги и отстранете ги петелките и семето). Излупените и исчистени пиперки исечете ги, но не премногу ситено, за да се почувствуваат во салатата.

Ставете ги во еден сад. Во зависност од соленоста на сирењето, додадете сол по вкус и малку масло, па додадете го и ситно исечканиот лук или уште подобро ако го истолчете. Во смесата додадете издробено сирење. Доколку сирењето не е доволно масно, додадете уште малку масло за да може убаво да се измеша “Трљаницата”.

Потоа измешајте ги убаво состојките, можете и со виљушка, но најдобро е да ја измешате со рака. Оваа салата најмногу е позната на Балканот, особено во местата од јужна Србија. Уживајте во вкусот, а постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – Права кафанска телешка чорба: Ова е оригинален рецепт – толку е вкусна чорбата, ќе побарате и репете. Оригинален рецепт за права кафанска телешка чорба. Кога еднаш ќе ја вкусите, ќе ве освои со вкусот и постојано ќе ја приготвувате. Под пишаниот рецепт имате и видео каде што можете да ја погледнете целата постапка.

Потребни состојки: малку масло, 1 главица кромид со средна величина, 500 г телешко месо, 350 г морков, 50 г целер, 20 г брашно + 50-60 мл вода за запршка, сол, црн пипер, сув зачин по вкус, 1 рака ситно сечкан магдонос или по вкус, 1 јајце (жолчка) и 1 лажичка кисела павлака.

Постапка: Кромидот исечкајте го ситно на коцки и ставете го да се издинста во тенџере на малку масло, на умерена температура. На ситни коцки исечкајте го и месото, па додадете го да се запржи заедно со кромидот. Минимум 45 минути треба да се динста месото заедно со кромидот.

Се додава вода само колку да го покрие месото и цело време за овие 45 минути треба да се промешува и да се внимава да не испарила водата и по потреба да се додава. Цело време месото треба да биде покриено со вода. (Се готви на 3). Се посолува и зачинува со црн пипер по вкус.

После 40-45 минути се сечкаат три моркови (350 г) на ситни коцки и се додаваат во месото. Се долева вода за да се покрите содржината. Коренот од целер изрендајте го или исечкајте го многу ситно. Заедно со целерот гответе уште 20-30 минути. Додадете млака вода да дополнете приближно да биде околу 2 литри.

Се остава водата да зоврие, а потоа да се готви уште 10-тина минути. Пред крајот, во 50-60 мл вода растворете две лажици брашно (20-тина г) и излејте во чорбата за да добие на густина. Промешајте и намалете ја температурата. Вкусете и по потреба додадете зачини.

Чорбата треба да има средна густина, ако е премногу ретка, тогаш ќе биде како супа, а ако е прегуста, тогаш ќе биде како каша. Оставете уште неколку минути да проврие. На страна ситно исечкајте магдонос и додадете во чорбата кога ќе ја исклучете од огнот.

За легир: Во еден сад одвојте ја жолчката и изматете ја со виљушка. Додадете една лажичка кисела павлака, промешајте. Оваа количина е доволна за две-три чинии. Во чинијата се става малку од легирот, па одозгора се прелива со врелата чорба и се промешува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

III РЕЦЕПТ – Телешка чорба по рецепт на стари готвачи – популарно кафанско јадење на лажица. Некогаш беше задолжителен дел од секој ручек – чорба, а денес е нешто поретко на нашите трпези. Еве како можете да направите одлична чорба за своите најблиски и да биде подеднакво добра исто како од ресторан.

Телешката чорба може да се приготви и дома, но се чини дека е највкуна, токму во кафаните. За добра чорба потребно е да се обезбеди квалитетно месо, од бут или врат, но и телешки коски кои даваат посебен вкус и јачина. Се вари со коренест зеленчук, а се послужува со изматена кисела павлака и жолчка.

Потребни состојки: 500 г телешко месо од бут или врат, 1 главица кромид, 1 китка зеленчук за супа (2 моркови, 1 пашканат, магдонос), 1 корен од целер, 2 компири, 100 мл масло, 2 лажици брашно, 200 мл кисела павлака, 1 жолчка, сол, црн пипер, ловоров лист, малку магдонос.

Постапка: Кромидот ситно исечкајте го па издинстајте го на масло. Додадете го месото исечено на коцки (и коски доколку има), налејте вода да прекрие, па динстајте на тивок оган околу еден час. Додадете зеленчук исечкан на коцки, зачинете со сол и црн пипер, па налијте околу 2 литри вода.

Направете запршка од две лажици брашно, па сето заедно варете го уште околу половина час. Пред сервирање во готовата чорба промешајте павлака со изматена жолчка од јајце и наросете ситно сечкан магдонос. По желба, телешката чорба може да се закисели со оцет или лимонов сок.