Добро е да си го направите ова тесто, бидејќи во фрижидер може да стои до седум дена без да се расипе, а од него да си вадите само колку ви е потребно. Од него можете да ги приготвувате најубавите, најмеките и највкусните мекици што постојат, а децата ги обожуваат.

Не мора одеднаш да го потрошите целото со оглед на тоа дека излегува поголема количина, а се приготвува од повеќе од еден килограм брашно. Под овој рецепт следува и еден одличен рецепт за посни мекици кои нема на кој не му се допаднале. Пробајте ги и уверете се.

I РЕЦЕПТ – Најубавото чудо од тесто со јогурт за мекици готови за 10 минути: Омилениот појадок на децата, Верувам дека ќе ви се допадне. Потребни состојки: 500 мл млеко, 1 квасец, 1 прашок за печиво, 4 јајца, 1 лажица сол, 200 мл јогурт, 1,4 кг брашно +-

Постапка на приготвување: Во млако млеко растворете го квасецот со лажичка шеќер и оставете го 10-тина минути на топло да се запени и активира. Потоа додадете ги останатите состојки и замесете убаво, мазно тесто исто како за кифлички, да не биде тврдо.

Откако добро ќе го измесите тестото ставете го во намастен сад и прекријте го со проѕирна фолија која исто така можете да ја намастите од внатрешната страна за да не ви се лепи тестото кога ќе стаса. Вака подготвеното тесто може да стои до 7 дена во фрижидер.

Кога ќе посакате да пржите мекици, извадете го тестото, кинете парчиња колку што можете да зафатите и со рацете формирајте ги мекиците – развлекувајте тенки кори. Во садот каде ќе ги пржите мекиците ставете малку масло да се загрее, па пржете ги на умерен оган.

Остатокот од тестото вратете го во фрижидер, повторно покриено со најлон или затворено во садот. Направете го ова чудо од тесто, навистина ќе ви се допадне. Мекиците можете да ги јадете со сирење, со слатко од смокви, а вие како сакате, слатки или солен, секој по свој вкус, секако се вкусни.

Кога веќе ќе го имате готово тестото, од него можете да си правите за појадок или за вечера или кога и да посакате, навистина се брзи, меки и вкусни, а она што е најдобро, не впиваат масло. Направете го и пробајте го ова чудо од тесто. / Coolinarika.com

II РЕЦЕПТ – Посни мекици меки како сунѓер, а толку вкусни, што никогаш не се доста. пробајте ги. Потребни состојки: 4 чаши (од 200 мл) брашно, 1,5 чаши вода, 2 супени лажици сув (инстант) квасец, 2 супени лажици шеќер, 1 чајна лажичка сол. И уште ќе ви биде потребно масло за пржење на мекиците.

Постапка: тестото за овој тип на мекици не се меси – се меша со лажица! Ова тесто можете да го приготвите навечер или рано наутро. Ако го приготвувате одвечер, тогаш користете ладна вода, а ако го приготвувате наутро, тогаш користете топла вода. Во тој случај неопходно е помине еден час од моментот кога сте го сте го приготвиле тестото, до самото пржење на мекиците.

ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТЕСТОТО НАВЕЧЕР: Во подлабок сад во кој ќе го замесувате тестото растворете го квасецот и шеќерот со ладна вода или млака, па почекајте 5 минути за да се активира. Додадете го брашното и солта, па продолжете да мешате со лажица, се додека да добиете една хомогена смеса.

Покријте го садот со капак, а доколку нема капак, тогаш покријте го со намастена најлон фолија или кеса, па ставете го во обичен фрижидер. наутро извадете го тестото, загрејте масло во длабок сад или во фритеза (бидејќи мекиците треба да пливаат во маслото).

Намастете ги рацете со масло, па црпете и кинете од тестото колку што можете да зафатите, растегнувајте ја мекицата тенко и спуштајте ја во загреаното масло. Кога ќе заруменат од долната страна свртете ги за да се испржат и од другата страна, додека да станат златни.

Самите мекици се пржат за многу кратко време, па затоа треба да внимавате да не ви прегорат (додека се завртите тие веќе може да поцрнат). Вадете ги и редете ги врз хартиена салветка. Вака приготвени можете да ги јадете во солена или слатка варијанта: да ги наросите со шеќер во прав или да ги послужите со сирење и јогурт.

ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТЕСТОТО ЗА ИСТИОТ ДЕН: Во длабок сад за месење растворете го квасецот и шеќерот со топла вода, па почекајте 5 минути да се активира. Додадабјте го брашното и солта, па продолжете да мешате со лажица сè додека да се соединат состојките и да се добие хомогена смеса.

Покријте го садот и оставете го 15-тина минути додека да го зголеми својот волумен. Повторно промешајте го тестото, па покријте го и оставете го овојпат да стасува околу 30-40 минути, повторно додека да го удвои или утрои својот волумен. Понатаму постапката продолжете ја како што е опишано погоре.

На што треба да обратите внимание: Самото тесто треба да биде лизгаво и лепкаво, па затоа рацете треба да ви бидат намастени. Ставете си малку масло во една чинија, па секогаш пред да црпнете од тестото, намастете ги дланките во чинијата. Тестото треба да биде доста меко, лизгаво и лепкаво, но во никој случај течно.

Треба да можете да го држите во раце. Количината на брашното може да варира малку. Ако користите остро брашно, ќе ви биде можеби потребна малку поголема количина (зголемете ја количината за околу половина чаша). Јас користам италијанско брашно со висока содржина на глутен “Primo Gusto” или американското “Bouncer”.