Сирење може да си направиме и сами, во домашни услови за што не ви е потребна голема умешност. Ова сирење може да го направат и тотални аматери во кујната. Потребни се само три состојки, а нема да ви одземе ниту многу време.




Се разбира дека најубаво е сирењето приготвено од домашно млеко, но ако и вие живеете како мене, во град, тогаш сирењето ќе мора да го приготвите од купечко пресно млеко, кое исто така излегува одлично и вкусно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри пресно млеко со поголем процент на млечни масти (3,2 %), малку сол по вкус (1 супена лажица) и 60 мл бел оцет. Уште ќе ви биде потребно: чисто тенџере, газа и метална цедалка.




ПОСТАПКА: Млекото ставете го во поголемо тенџере. Ставете го на тивок оган да врие, па додајте сол по ваш вкус. Одвреме-навреме мешајте. Млекото не смее да зоврие, па пред да почне да врие тргнете го тенџерето од оган.




Потоа додајте го оцетот, па промешајте (ќе забележите како започнува да се засирува) и оставете неколку минути да отстои (5 минути се доволни). Во друго тенџере ставете цедалка и над неа газа.




Полека ставајте ја смесата од тенџерето кое што претходно го приготвивте, па убаво процедете ја смесата низ цедалката. Посолете дополнително, доколку сметате дека не е доволно солено. Соберете ја газата, па превртете, а потоа со помош на чинијата како потисок, исцедете.




На крајот ставете ја чинијата над газата (во која што се наоѓа сирењето и над чинијата ставете нешто тешко, како на пример, аван). Оставете го сирењето да отстои околу еден час, а потоа е подготвено за конcyмирање.




Во сурутката исто така, може да додадете уште малку сол и да ја користите како солило за сирењето доколку го оставате да зрее (за „старо“ сирење), а остатокот да го складирате во фрижидер и да ја пиете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.