Овие печива се подготвуваат многу лесно, може да ги полните по ваш вкус, а за мене се најубави со спанаќ. Тестото е многу меко и сочно, јас морам да ви кажам, ми станаа омилени и многу често ги правам.




За тестото ќе ви биде потребно 1 чаша кефир, мислам дека сочноста доаѓа токму од оваа состојка. Целиот рецепт подетално може да го прочитате подолу, а ќе ви бидат потребни и следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша кефир (200 мл), 1/2 чаша вода (100 мл), 1 јајце, 3 големи лажици масло (30 мл), 1 мала лажица сол, 4,5 чаши брашно (540 г). ЗА ФИЛ: 500 г спанаќ, 2 главици кромид, 50 г рендан чедар кашкавал или некој друг по ваш избор, зачини. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 2 жолчки, 1 голема лажица млеко.




ПОСТАПКА: За да го подготвите тестото најпрво ќе ви бид потребно да си подготвите еден подлабок сад. Ставете го кефирот, кој треба да биде минимум 1 час отстојан на собна температура. Додајте половина чаша обична вода и малку промешајте.




Скршете 1 јајце и додајте го во смесата, а веднаш потоа додајте и 3 големи лажици масло. Посолете со 1 мала лажичка сол и на крајот постепено започнете да го додавате брашното (околу 540 г).

Постепено замесувајте тесто, додека постепено го додавате брашното. Потребно е да замесите фино и меко тесто кое нема да се лепи под прсти. Тестото не треба да се чека да отстои, веднаш се дели на два еднакви делови и секој дел се развлекува во подебел валјак.




Од секој валјак се делат по 10 еднакви делови, и секој дел се размесува во топче. Вкупно треба да имате 20 топчиња тесто. Топчињата се оставаат да ,,одморат” 15 минути додека настрана го подготвувате филот:




Спанаќот добро измијте го и исечкајте го на ситни парчиња. Зачинете со сол, црн и црвен пипер, па потоа додајте 2 главици ситно сечкан кромид и 50 г рендан кашкавал по ваш избор (можете чедар или некој друг лесно растеглив кашкавал).




Измешајте ги состојките за филот и тргнете го настрана. Преминете на тестото, секое топче развлечете го со оклагија во тенок голем круг. Начинот на замесување оди вака: прво развлекувајте од едната страна, па го вртите тестото на страна и ја размесувате другата страна (подетално може да погледнете во видеото подолу).




На средина се става од филот и секое тесто се витка во коцка. Печивата тесто се редат на плех обложен со хартија за печење, а некои од нив може и да си ги замрзнете. Останатите теста кои планирате да ги печете, премачкајте ги со две жолчки и малку млеко.




Печивата се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.