НАЈУБАВИОТ СНЕГ ОД БЕЛКИ: Една состојка му дава цврстина и уште поубав вкус

Направете го најубавиот снег од белки кој ќе биде идеален за приготвување на разни слатки и украсување на тортите, а путерот ќе му даде богат вкус и посебна кремаста структура, токму каква што е потребна за специфични декорации.




Снегот од белки е незаменлив во голем број колачи и торти, без разлика дали го користите како фил или како кора или само за украсување на десертите. Она што е важно е да се мати доволно долго за да добие на цврстина, а шеќерот во него да се растопи и да не се чувствуваат кристалчињата.




Обично кога се матат белките во нив се додава прстофат сол за да се истакне вкусот, па кога ќе станат пенасти, се започнува со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе се формира доволна густина, некаде пред крајот се додава и малку вински прашок за печиво (некаде се нарекува тартар крем).




Ова им дава на белките поголема густина и многу подолго може да ја одржува цврстата структура. Наместо една лажичка вински прашок за печиво може да се стават две лажички лимонов сок или вински оцет. Овојпат ќе ви претставиме еден сосем поинаков рецепт за приготвување на снег од белки.




Овој рецепт за шлаг од белки е посебен по тоа што белките прво се готват на пареа за да бидат термички обработени, а потоа кога ќе се оладат матејќи, постепено им се додава путер кој дава многу вкусна нота, а на шлагот ќе му даде уште поубава кремаста структура. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г белки, 400 г шеќер, 1 лажичка ванилин шеќер и 400 г путер. ПОСТАПКА: Во еден длабок сад ставете ги белките и додајте го шеќерот. Матете со жица на маталка додека да се соедини шеќерот со белките, а потоа садот ставете го врз пареа.




Непрекинато и енергично матите додека целосно да се растопи шеќерот. Потоа садот тргнете го настрана и оставете ги белките 10-тина минути додека да се оладат и да згуснат. Потоа додајте го ванилиниот шеќер и продолжете го матењето со миксер.




Матете на малку пониска брзина со сприрални продолжетоци за тесто, додека да се разбие ванилиниот шеќер, а потоа започнете постепено да го додавате путерот омекнат на собна температура. Најдобро е путерот претходно да сте го исекле на помали коцкички, па додека непрекинато матите да додавате коцкичка по коцкичка.




Кога ќе го додадете сиот путер продолжете да матите додека да сте сигурни дека целосно се инкорпорирал во смесата. Треба да добиете густ и цврст шлаг кој можете да го користите за декорација на разни десерти.

Претходна статијаЛЕНЕНИ ПЛОЧКИ: Погодни за лица кои сакаат да го намалат шеќерот и килограмите, помагаат целосно да се испразнат цревата
Следна статијаПОГАЧА СО 1 ЛАЖИЦА БРАШНО: Изматете и излејте и испечете, за 30 минути можете да ја јадете