НАЈУБАВИОТ РОЛАТ СО БАНАНИ КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ: евтин, вкусен и многу декоративен. Рецепт на Ивана од Шерпица Рецепти. Ова е еден стар рецепт за ролат со банани, но со малку модернизирани состојки и не содржи јајца.




Се подготвува од неколку состојки и не се пече, освен што чоколадото само се растопува на рингла. Другото се прави на рака, многу едноставно. Може да го направите секогаш кога ви се брза, готов е за 10-тина минути и плус што треба да отстои во фрижидер најмалку половина час.




Потребни состојки: 100 г млечно чоколадо, 500 г мелени бисквити, 3 лажици шеќер во прав, 3 лажици печени и сомелени лешници и ореви (опционално), 200 мл млеко. 3 банани, 100 г бело чоколадо или 100 г маргарин и уште околу 80 г кокосово брашно.




Постапка: Во блендер сомелете ги бисквитите или користете веќе сомелена плазма. Јас ставив 300 г плазма и 200 г петит бисквити кои ги сомелев претходно. Во смесата додајте шеќер во прав и уште 3 лажици печени и сомелени ореви или лешници.




Во оригиналниот рецепт не се ставаат ореви и лешници, но имав дома многу и сакав да пробам каков е ролатот со нив. И да ви кажам, навистина не згрешив што ставив бидејќи оттогаш ги користам јаткастите плодови постојано.




Додајте 200 мл млеко и чувајте настрана уште малку ако треба да додадете по потреба. На пример, смесата треба да изгледа како влажен песок, но сепак да е соединета. Започнете да ја формирате смесата со раце.




Потоа во неа додајте го претходно растопеното чоколадо и соединете ги сите состојки. На рамна површина ставете два реда проѕирна фолија и одозгора нанесете ја смесата. Развлечете ја со оклагија или чашка во правоаголник со дебелина од половина до еден прст.




За кремот: Земете една банана и излупете ја и изгмечете ја со виљушка. Во неа додајте го претходно растопеното бело чоколадо или наместо чоколадо додајте 100 г маргарин. Оригиналниот рецепт е со маргарин, но како што реков и претходно, јас рецептот си го приспособив според мој вкус.




Кремот премачкајте го врз развлечената кора подеднакво. Потоа излупете ги и останатите банани и ставете ги на едниот крај од кората. Малку пресечете им ги врвовите за да не се двојат кога ќе го послужувате ролатот.




Исто така можете малку да ги исправите за да може убаво да го формирате ролатот. Потоа од таа страна каде што сте ги ставиле бананите, започнете да го виткате ролатот и добро стегнете го во фолијата.




Ставете во фрижидер да се стврдне најмалку половина час ако ви се брза, а ако не, оставете да стои и подолго. Потоа послужете со сечете на помали парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.