Сигурна сум дека не сте јаделе подобар колач!

Потребни состојки:

450-500 г брашно

500 г рендани јаболка

100 г мелени ореви

1 ванилин шеќер

1 лажиче прашок за печиво

1 лажиче сода бикарбона

100 г шеќер

50 мл масло

за прелив:

200 г шеќер

200 мл вода

1 ванилин шеќер

1 портокал – сок

Постапка:

Во ренданите јаболка додадете ванила, цимет, ореви, масло и шеќер, па сето добро промешајте го. Во брашното додадете прашок за печиво, сода бикарбона и добро измешајте, па додадете го во јаболката.

Добро промешајте за да се соедини. Плех (26 см) намастете го и набрашнете го, па излејте ја смесата во него и израмнете.

Печете во рерна на 190 степени околу 40 минути. На половина од печењето може да се покрие со фолија за да не изгори одозгора (зависи од рерната како ви пече, ова направете го ако забележите дека одозгора колачот ви гори).

Печениот колач добро изладете го па исечете го на коцки.

Сируп:

Во шерпа ставете шеќер, вода, ванила и исцедете сок од портокал. Варете околу 6-7 минути, па прелијте го ладниот и исечен колач. Оставете да впие добро и повторно изладете.

Сигурна сум дека не сте јаделе подобар колач!