Најубавиот мармалад од смокви и мед кој се прави за само час и половина – полн со витамини и минерали

Слатко, вкусно и многу здраво овошје кое е преполно со витамини и минерали, особено корисно за сите оние кои имаат проблем со коските и зглобовите. Од свежи смокви можете да направите одличен џем или мармалад со овој едноставен рецепт.

Потребни состојки: 5 кг свежи смокви, 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 г мед, 3 портокали – рендана кора, 2 лажички цимет во прав (по желба) и 1 лажичка лимонска киселина во прав

Постапка: 1.На тивок оган растопете го шеќерот додека да добие златножолта боја, а потоа додадете го медот. 2.Смоквите исечете ги на четвртини и додадете ги во смесата од шеќер и мед, па продолжете да ги готвите на ниска температура 90 минути.

3.Кога ќе добиете кашеста смеса, додадете рендана кора од портокал, цимет, ванилин шеќер и лимонтус. Сето заедно варете уште неколку минути до најмногу половина час.

4.Додека се вари мармаладот, стерилизирајте ги теглите за полнење. Темелно исперете ги, исушете ги и ставете ги во рерна 15 минути на 100-120 степени за да се дезинцифираат.

5.Мармаладот полека складирајте го во врелите тегли, добро затворете го и свртете ги теглите наопаку неколку минути за да се вакумираат, а потоа вратете ги во нормална положба и оставете ги да изладат.

Претходна статијаЧудо на природата – протеински прав кој го намалува притисокот и помага во слабеење
Следна статијаЈупи Торта (Фанта колач) со лесен и освежителен вкус, брза и едноставна подготовка