„Песок тортата“ не е единствената која се приготвува без печење, покрај разните чизкејкови кои за нечив вкус се премногу масни или премногу слатки, и покрај легендарната плазма торта, оваа е најпопуларната од овој тип на торти. Постојат неколку варијанти, а еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 4 кесички пудинг со вкус на ванила (вкупно 160 г), 330 г шеќер (количината можете да ја прилагодувате по сопствен вкус), 1 путер или маргарин (200-250 г), 200 г мелени бисквити, 200 г кокосови трошки, 200 г мелени ореви




ПОСТАПКА: Ова е од оној брзинските колачи кој сè вкупно се приготвува за 20 минути и не може а да не ви успее. Со овој колач – торта нема промашување, и мало дете може да ја направи. Наведената количина на состојките секако зависи од величината на колачот кој сакате да го направите, но добро е да го сочувате наведениот сразмер на состојките.




Единствената потешка работа е варењето на пудингот, а тој се подготвува идентично како што е наведено во упатството на кесичката, само со поинакви количини, односно во помалку млеко, зашто треба да добиеме навистина густ пудинг.




Од еден литар млеко одземете приближно една чаша и во него додајте прашокот за пудинг. Добро изматете додека тој да се раствори и да нема грутчиња. Остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете на оган да се загрее.




Штом зоврие млекото и се растопи шеќерот, тргнете го тенџерето малку настрана или намалете го огнот, па сипете го растворениот пудинг додека непрекинато мешате за да не се создадат грутки. Вратете го садот на оган и мешајте додека да се свари и ја постигне посакувата густина.




Сварениот пудинг претурете го во друг сад и оставете целосно да се олади до собна температура, повремено промеѓувајќи го за да не фати коричка на површината (или покријте го со проѕирна-стреч фолија).




Пенасто изматете го путерот/маргаринот претходно омекнат на собна температура, па кога ќе стане кремаст започнете во него да го додавате оладениот пудинг, лажица по лажица додека непрекинато матите со миксерот.




Добиената смеса поделете ја три еднакви делови. Во првиот дел додајте кокосово брашно/трошки и промешајте енергично додека рамномерно да се распореди и изедначи. Во вториот дел додајте ги мелените ореви, а во третиот дел додајте ги мелените бисквити.




При додавањето на состојките внимавајте крајниот резултат секогаш да ви биде кремаст пудинг кој е доволно цврст за да може да се мачка, без да се разлева. Одберете соодветен калап за торти со флексибилен обрач и обложете го со проѕирна-стреч фолија (не мора).




Како прв слој секогаш одбирајте го оној најгустиот кој ќе даде добра основа на торта и стабилност при сечењето. Во овој случај тоа е филот со мелените бисквити. Распоредете го и израмнете, па преку него распоредете го филот со ореви и на крај филот со кокос или обратно. Одозгора декорирајте со шлаг или чоколадна глазура. Оставете во фрижидер неколку часа да се олади пред послужувањето.