НАЈСОЧНИОТ ЕУРО-БЛОК КОЛАЧ: не е тежок за приготвување а има одличен вкус!

Потребни состојки:

6 белки

2 шолји за кафе шеќер

1 шолја за кафе масло

1 прашок за печиво

50 г еуро – блок чоколадо

6 лажици брашно

За фил:

6 жолчки

6 лажици шеќер

50 г еуро – блок чоколадо

125 г маргарин / путер

За одозгора: 100 г рендано еуро-блок чоколадо

Постапка:

Изматете ги белките со шеќер, додадете масло, брашно помешано со прашок за печиво и изрендано еуро блок. Измешајте со лажица и смесата печете ја во намастен и набрашнет плех на 180 степени околу 20 минути.

За фил: Изматете ги жолчките со шеќер и згответе ги на пареа заедно со путерот и еуро блокот.

Сварениот фил уште додека е топол прелијте го врз испечената кора.

Одозгора изрендајте 100 г еуро блок.

Loading...