Овој универзален и на сите достапен производ ќе ви помогне околу домаќинството, личната хигиена, како и против несакани штеточини, а ова се неговите најчести примени.

1.Воздушеста кајгана: на три јајца додадете 1/4 лажичка сода бикарбона.

2.Побрзо сварен грав со меко зрно: во првата вода во која ќе го закиснете гравот додадете прстофат сода бикарбона.

3.Непријатен мирис на раце од риба или лук: рацете навлажнете ги и истријте ги со лажица сода бикарбона, па исплакнете со топла вода.

4.Песок како пластелин за детска игра: сварете 2 шолји сода бикарбона, 1 шолја пченкарен сируп и 1 поголема шолја вода. Гответе додека да добиете густа смеса, а потоа тргнете на страна за да излади.

5.Отстранување на непријатни мириси од машина за садови: истурете 1 шолја сода бикарбона и вклучете програм за испирање.

6.Загорени шерпи: наполнете ја шерпата со вода до 1/4, додадете половина шолја сода бикарбона и ставете да проврие. Оставете така преку цела ноќ, а следниот ден исплакнете.

7.Повкусен домат: ако одгледувате домати во вашата градина, наросете на почвата малку сода бикарбона и ќе го добиете најслаткиот и највкусниот домат.

8.Изгореници од сонце: во кафа со вода растворете една шолја сода бикарбона и потопете се. Болките ќе поминат.

9.Ранички во усна шуплина: на неколку часови плакнете ја устата со радтвор од 1 шолја топла вода и 1 лажичка сода бикарбона.

10.Чистење на микробранова печка: ставете шолја вода со неколку лажички сода бикарбона и вклучете на три минути на највисока температура. Со еден потег ќе се ибришат сите дамки и ќе исчезнат мирисите.

11.Масни дамки на тапети: натопете го сунѓерот со млака вода и сода бикарбона па пребришете ги тапетите.

12.Киселини во стомак после јадење: ставете прстофат сода бикарбона во напиток и испијте го.

13.Убоди од комарци: направете паста од сода бикарбона и неколку капки вода, па нанесете на убодот и оставете да се исуши.

14.Несакани мравки: на било кое место каде не сакате да поминуваат мравки, наросете обилно сода бикарбона.

15.Непријатна миризба од стапала: во леген со топла вода растворете шолја сода бикарбона и киснете ги стапалата 20 минути.