Најмекото печиво кое досега сум го пробала, а на децата им е омилено: ПАМУК ПЕЧИВО! Многу вкусно, меко како памук! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 125 г путер/маргарин, 4 лажици јогурт, 100 мл млеко, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 јајце, 1 кесичка сув квасец и приближно 550 г брашно

За фил: По желба димено месо, колбаси, сирење, кашкавал и слично. И уште: 1-2 жолчки + 1 лажица млеко за премачкување на печивата.

Постапка: Ставете половина од брашното, сол, шеќер и путер на собна температура, додајте млако млеко и квасец, па сето добро соединете.

Во таа смеса додајте јогурт и јајце на собна температура и со постепено додавање на брашното замесете тесто кое не лепи на рацете. Оставете го тестото 15-тина минути покриено на топло место за да ферментира.

За фил ситно исечкајте сè што сакате, а жолчките изматете ги за премачкување. Од надојденото тесто правете топчиња со величина на мандарина, па редете ги во плех.

На секое топче со прст или дното на ракиена чаша притиснете во средина за да се добие дупче/вдлабнатина. Топчињата премачкајте ги со изматена жолчка. Во секое дупче ставете фил и добро притиснете.

Оставете го тестото уште 15-тина минути да стасува и да се удвои. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го печивото додека да добие румена боја.

Печивото навистина е меко како памук, можете да го филувате по желба, да го послужите за појадок, вечера или како закуска со пиво.