Најмеките ВАНИЛИЦИ – рецепт кој вреди да го запишете

Потребни состојки:

200 г шеќер во прав

1 мешунка ванила исечкана на парчиња

300 г маст

250 г кристал шеќер

1 јајце

2 жолчки

1 исцеден лимон – сок

1 лажичка фино рендана лимонова кора

250 г мелени ореви

600 г брашно и џем од шипки или кајсии.

Постапка:

Неколку дена пред да ги правите колачињата, измешајте шеќер во прав со исечена мешунка ванила и затворете ја содржината во кутијата со капак. Така добивате ванилин шеќер.

Во еден сад измиксајте ја маста со кристал шеќерот додека да добиете крем. Изматете јајце, жолчки, лимонов сок и лимонова кора. Додадете ореви и брашно, па матете додека да добиете изедначено тесто. Покријте го и изладете го во фрижидер барем три часа или во текот на ноќта.

Загрејте ја рерната на 160 степени доколку имате вентилатор во рерната или на 180 степени во обична рерна.

Ставете го тестото на добро побрашнета површина и исукајте кора со дебелина од околу половина сантиметар. Обложете два плеха за печење и со помош на помала модла вадете ванилици и редете ги на растојание.

Печете околу 12 минути, така да останат бели и оставете ги да изладат околу пет минути. Потоа префрлете на решетка или рамна површина додека целосно да изладат.

Кога целосно се изладени, секоја ванилица намачкајте ја со џем и поклопете со друга ванилица. Секој „сендвич“ добро извалкајте го во ванилин шеќер, ставете во лимена кутија и оставете еден-два дена до сервирање.

Recepti.com

Loading...