Постојат неколку начини за приготвување на оваа пита – пенурлија, или кај нас попознати како печива-сирењачина. Постапката за нивно приготвување е едноставна и не бара големо искуство. Се замесува тесто, кората се филува со сирење, се сечат парчиња кои се редат едно до друго и се прелива со млеко и сирење или само со растопена маст.

Печивото е помеко и од пена, а вкусот и мирисот ќе ве воодушеви. Во продолжение прочитајте го рецептот на 2 начини. “За мене ова е едно од најомилените кисели теста, вака топли и вкусни ме враќаат во детството и затоа најмногу ги сакам. Пробајте ги пењурлиите, ако досега не сте ги пробале.”

Првиот рецепт и фотографија е на Сунчица Савиќ Стојановиќ – А за подготовка ќе ви бидат потребни следните состојки: 850 г брашно (бело меко), 500 мл топло млеко, 1 кесичка сув квасец, 1 лажица шеќер и 2 рамни лажички сол (ако сирењето е посолено, тогаш ставете помалку сол).

За фил: 2-3 јајца, 300 г сирење и уште: 80 г путер или маст и 100 мл млеко. Постапка: Активирајте го квасецот, а потоа замесете го тестото од наведените состојки (јас користев инстант сув, па веднаш го замесив со другите состојки, без активирање).

Замесете тесто средно тврдо, покријте го и оставете го да стасува малку повеќе од 20 минути. За тоа време пригответе го филот, а путерот растопете го во помал сад. Тестото развлечете го во голема правоаголна кора со дебелина од околу половина см.

Од филот одвојте две лажици на страна (за прелевање одозгора), па премачкајте ја кората преку целата површина. Не мачкајте до самиот крај за да не истекува кога ќе се свитка. Потоа свиткајте ја кората, сечете парчиња да добиете приближно 12-15 на број.

Секое парче потопете го во растопениот путер, па редете го плех кој нема потреба да се обложува со хартија или да се намастува. Покријте ја питата и оставете да стасува 30-40 минути, убаво да се удвои. Млекото и преостанатиот фил измешајте ги и прелијте ја питата пред самото печење.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 10 минути, а потоа уште 30 минути на 160 степени. Пенурлијата задолжително покријте ја со хартија за печење во моментот кога ќе ја намалите температурата, за да не поцрнат јајцата со сирењето.

Вториот рецепт и фотографии е според Ана Ловиќ – Потребни состојки: 100 мл вода, 1 лажичка шеќер, 1 лажица брашно и 20 г свеж квасец. За замесување на тестото: околу 500 г брашно, по потреба и 250 мл млеко. За фил: 1 поголемо парче свежо кравјо сирење и 1 јајце.

За натопување: маст или путер. Постапка: Квасецот разматете го во 100 мл млака вода со лажичка шеќер и лажица брашно. Промешајте и оставете 10-тина минути додека да запени и да се активира. Просејте го брашното (јас користам тип 500) и направете вдлабнување во средината.

По крајот наросете сол. Додадете го активираниот квасец, па полека додавајте млако млеко со постојано мешање со лажицата. Кога убаво ќе се поврзат состојките, месењето продолжете го рачно додека да добиете мазно, меко и еластистично тесто (како за штрудла).

Покријте го и оставете го тестото да одмори 15-тина минути. За тоа време растопете ја маста/путерот и пригответе го филот од сирење и јајце. Тестото кратко премесете го и развлечете кора со дебелина од околу 1 см. Исечете ја на квадрати и на секое парче ставете доста фил.

Виткајте ги како ролнички, натопете ги во растопениот путер и редете ги во плехот кој нема потреба дополнително да се намастува. Преостанатиот фил измешајте го со малку млеко или јогурт и прелијте го одозгора. Оставете да стасува половина час. Рерната загрејте ја на 200 степени.

Печете 10-15 минути и кога ќе заруменат веднаш покријте ги со алу-фолија. Јас ги печев вкупно половина час. Совет: Печените пенурлии веднаш извадете ги од тепсијата и ставете ги на решетка за ладење и покријте ги со платнена крпа. Така ќе ви останат крцкави одоздола дури и кога ќе изладат.

На линкот подолу можете да погледнете и видео рецепт како се приготвува пенурлија – се развлекува тестото, обилно се премачкува со приготвениот фил, се сечат три широки ленти, а секоја лента се витка во ролат. Потоа ролатите се сечат на парчиња со должина од околу 7 см, се потопуваат во растопена маст и се редат во плех. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Бонус рецепт: Пита со сирење од готови кори – се прави толку брзо, а излегува фантастично вкусна…ммм…. Нашата баба Сока ни прави ваква пита набрзина, штом ќе и ја посакаме, таа веднаш како со магично стапче ни ја приготвува и “тадаааа”… ете ја на маса за половина час.

Многу е вкусна и навистина многу лесно се приготвува, штета би било да си го немате овој рецепт. Питата може да ја приготвувате за појадок или вечера, но може и за ручек, зошто да не… Потребни состојки: 1 пакување готови кори за пита (од подебелите), 3 јајца, 600 г добро сирење…

(кога баба вели добро сирење, тоа значи некое помасно и посилно, солено), малку јогурт, к.павлака или кајмак (се додава по потреба во сирењето, ама сепак смесата да биде густа), ако сирењето не ви е доволно солено, тогаш додадете и сол и по вкус. За прелив:, 350 мл вода, 100 мл масло.

Постапка: Во подлабок сад изматете ги јајцата со виљушка, додадете го сирењето и издобете го, па додадете по потреба од оној јогурт, кисела павлака или кајмак, за да добиете убава конзистенција на филот, но сепак да биде густо со грутчиња од сирењето. Во посебен сад измешајте водата и маслото.

Првата кора премачкајте ја со мешавина од вода и масло, па ставете втора кора, исто така премачкјате ја, па трета кора. Покрај работ на подолгата страна нанесете од филот, до половина на кората, па свиткајте во ролат, и во вид на полжав ставете го во средината од тепсијата (тепсијата да биде намастена).

Постапката повторете ја и со останатите кори и сирење и надовврузвајте се на претходно свитканиот ролат. На крај мешавината од масло и вода што ќе ви остане, измешајте ја во чинијата каде што ви беше филот со сирење, па премачкајте ја одозгора питата. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу половина час или додека убаво да зарумени. И танаааа…питата е готова и може да се јаде!