Бидејќи е есен и може да се најдат диви костени, направете ја оваа исклучително лековита ракија за мачкање на б олни места, особено зглобови. Длабоко продира во ткивото, делува аналгетски и регенерирачки.

Ја зголемува микроциркулацијата и размената на хранливи материи, го подобрува локалниот метаболизам, ткивото на зглобот се исхранува, а со тоа се зголемува и еластичноста и подвижноста на самиот зглоб.

Има повеќе верзии за подготовка на оваа лековита ракија која се нанесува само надворешно, се мачка или се нанесуваат облоги. Овојпат ви го претставуваме рецептот на Билјана Николиќ:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 диви костени, 5-6 гранчиња рузмарин, 1 литар посилна домашна ракија (лозова, комова или медицински ал-кохол купен од патека), 5 г ментол (се купува од патека).

ПОСТАПКА: Со чекан иситнете ги дивите костени, или ако можете исечкајте ги, но бидејќи се многу цврсти најдобро и најчесно се иситнуваат со чекан. Ставете ги во едно стаклено, чисто и суво шише.

Во шишето додајте 5-6 свежи гранчиња од рузмарин и иситнет 5 грама ментол кој се купува од аптека. Налијте во шишето домашна ракија каква што имате (нека биде посилна), па добро затворете.

Ракијата треба да отстои 40 дена на темно место под константна температура со секојдневно протресување. Потоа процедете ја и користете ја за мачкање на б олните места или потопувајте газа и приготвувајте облоги. Нема рок на ограничување. Не се пие. Има и сличен рецепт кој не содржи диви костени:

Тинктура од рузмарин: 120 г свеж румарин (или повеќе) се блендира 20 секунди, па се меша со 1 литар 40% ал.кохол или вотка. Се затвора во стаклена тегла или шише со метален капак, се чува на темно место и секојдневно се протресува, 14 дена. Потоа се процедува низ газа и се складира во стаклено шише. Две-три капки од оваа тинктура имаат дејство како една шолја чај од рузмарин.

Лековита ракија за ревма и подобрување на циркулацијата: 1 гранче рузмарин се става во 200 мл домашна ракија и се затвора со метален капак. Оставете да отстои 10 дена или подолго, а потоа користете ја ракијата како облога за б олните нозе.

Местата заболени од реума треба да се масираат трипати дневно. Кај исчашувања и тра-уми се користат облоги од натопена газа или памучна крпа која се фиксира на б олните места. Лековитата ракија од рузмарин ја поттикнува циркулацијата и ги ублажува гр-чевите во нозете.

Чај од рузмарин: 1-2 мали гранчиња од рузмарин прелијте со чаша врела вода, поклопете и оставете да отстои 15-20 минути, по што се процедува и се пие.