Најлековитата билка на светот: Нема што не лекува, а кај нас расте како коров

Глогот содржи активни материи со антиоксидативно дејство. Во цветовите, покрај етеричното масло, се наоѓаат и состојките триметиламин и гликозид оксиакантин. Кинезите некогаш од глогот правеле ферментиран пијалак, а неговите остатоци се пронајдени во садови, 9000 години стари.

Се смета дека уште тогаш глогот бил многу значаен во религијата. Легендата вели дека од оваа грмушка е направена трновата круна на Христос. Се поврзува и со многу други верувања, па дури и митови како оној за вампирите и глоговиот колец.

Loading...

Плодовите содржат етерично масло, танин, сапонин, гликозиди и фруктоза, како и големи количини на калиум, натриум, калциум и соли на фосфорна киселина.

Откако беше презентирана тинктурата од свежи глогови плодови во книгата на Вилмар Швабе, глогот стана популарна билка и предмет на многубројни истражувања. Па така, беше утврдено и откритието дека глогот е одличен лек за срцето.

Сите кои имаат проблем со висок крвен притисок и сакаат да се заштитат од опасностите на високиот холестерол и затнатите крвни садови, можат со полна доверба да се лекуваат со глог. Оваа билка се користи за одржување на здравјето на крвниот систем, кај висок крвен притисок, ослабен срцев мускул и срцеви аритмии. Прифатен е како сигурен и делотворен третман кај рани фази на срцеви болести и како делотворна терапија кај вече напреднати фази.

Се препорачува после срцев удар, бидејќи ја зголемува проодноста на коронарните крвни садови. Ја подобрува активноста и исхранетоста на клетките од срцевиот мускул. Успановено е мислењето дека секој над 50 години би требало повремено да користи тинктура од глог.

Глогот е една од билките со најсилно смирувачко дејство. Помага кај умор, недостиг на енергија, лошо спиење, тешко дишење, вртоглавица, чукање на срце, лошење, нервоза и зуење во ушите. Може да се користи и како помош кај слабеење, бидејќи поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот. Тоа својство го прави корисен и кај целулит, едем и болести на зглобовите.

Глогот го јакне сврзното ткиво на зглобовите, а поради антивоспалителното дејство се советува и кај улцерозен колитис и дигестивни тегоби. Штити од дејството на слободните радикали и спречува болести на крвните садови како артериосклероза. Бројни студии за глогот утврдиле дека е сигурна и добро поднослива билка. Сепак, не им се спрепорачува на трудници и доилки.

Рецепт за тинктура: 

20 г цветови од глог и листови
100 мл медицински алкохол 70-96%

Постапка:

Исечкајте ги цветовите и листовите во стаклен сад и прелијте ги со алкохол и оставете ги да отстојат 4-6 седмици на собна температура. Теглата протресувајте ја повремено или ставете потисок за да може цветовите постојано да бидат прелиени со алкохолот.

Употреба: се зема 3-5 пати дневно, по 15 капки на коцка шеќер или со вода, чај или друг напиток, по претходна консултација со лекар. После 5-7 дена МОРА да се направи пауза од 2-3 дена.

Глогот ја јакне и регулира срцевата работа и е одличен регулатор на крвниот притисок. Се препорачува и при воспаленија на срцев мускул (миокардитис) и атеросклероза, а има и поволен ефект кај слабост на срцевиот мускул. Делува и диуретично.

Освен за срцето, глогот е одличен смирувач на нервниот систем, па се препорачува кај срцеви и нервни болни, при изразени симптоми на менопауза, постари луѓе, несоница, анксиозност во вид на чај од листови глог.

Плодовите на глогот во северните земји се користат и во кулинарството, но и во козметиката. Глогот се препорачува за масна или иритирана и вцрвенета кожа во вид на лосион за лице.

СИРУП ОД ГЛОГ

1,5 кг бобинки од глог
Вода (2,5 см над бобинките)

Постапка:

Во еден сад ставете ги бобинките и прелијте ги со вода, 2,5 см над нив. Оставете ги потопени 24 часа. Следниот ден ставете ги на тивок оган, па кога ќе започне да зоврива оставете да се вари уште 30 минути, со постојано мешање. Потоа тргнете од оган и оставете да се лади 30 минути. Процедете, а течноста складирајте ја во фрижидер.

Бобинките повторно прелијте ги со вода исто како и првиот пат. Повторете ја целата постапка, па процедената течност соединете ја со првата од фрижидер. Ставете на оган да се вари додека да остане 1/4. Складирајте во стаклена тегла. Употреба: 6-12 лажици дневно. Рок на траење: неограничен.

Чајот од глог го обновува и зајакнува срцевиот мускул кој со години доживеал оштетување.

РЕЦЕПТ за ЧАЈ

Чајот се подготвува од иста количина на цветови и листови или само од цвет или лист. Во секој случај се зема една чајна лажица на 1 шолја вода, која претходно се става да зоврие и се прелива преку сувата билка. Се пијат 2-3 шолји на ден, засладено со мед и секогаш во голтки.

Природен лек за хипертиреоза со глог

Ако имате хипертиреоза- зголемена функција на штитната жлезда, ќе ви помогнат капки од цветот на црвен глог, кои се приготвуваат на следниот начин: Ставете цветови од црвен глог во стаклена тегла и прелијте ги со 70% алкохол, во однос 1:10. Теглата добро затворете ја и оставете да отстои 7 дена. После една седмица процедете ја содржината во стаклен сад со добар капак.

Употреба: Пијте 15-30 капки, трипати дневно, пред јадење. Ова е стар руски народен лек. Благотворно делува при зголемена функција на штитната жлезда, го намалува крвниот притисок, помага при тахикардија и го подобрува сонот.

Loading...