Со евтини состојки и едноставна постапка направете брз колач кој е мек како сунѓер и неодоливо мирисен, а воедно и сочен. Откако еднаш ќе го пробате, често ќе го правите и редовно ќе го имате на трпезата.




Колачот не содржи млеко, ниту маргарин или путер, па совршен е за оние кои имаат некаков проблем со млекото и го одбегнуваат. Се прави толку лесно и брзо што дури и дете може да го приготви. Еве што ви е потребно според рецептот на Бојана:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 200 г брашно, 80 г шеќер, 80 г газирана вода, 80 мл масло, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 прстофат сол, по желба ситно рендана кора од лимон, 2-3 јаболка, 40 г бадем (сечкан на листови) или ореви за врз колачот.




ПОСТАПКА: Веднаш на самиот почеток вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, зашто толку е потребно додека да ги изматите состојките и веднаш го ставате колачот на печење. Сите состојки треба да бидат на собна температура.




Во подлабок сад скршете две јајца, додајте прстофат сол, шеќер (количината можете да ја зголемите по сопствен вкус), ванили шеќер, масло за готвење, газирана вода и брашно (може да користите обично или тип 700, по ваш избор).




На крај додајте половина кесичка прашок за печиво, па сето изматете го миксер додека сите состојки да се соединат во еднолична, хомогена смеса, без грутчиња. По желба кој сака може да додаде и ситно рендана кора од лимон за цитрусна арома.




Добиената смеса оставете ја кратко настрана додека ги приготвувате јаболката. Две големи јаболка или три помали излупете ги, па изрендајте ги на крупната страна од рендето (по желба можете да ги наросите со лимонов сок, не мора).




Подгответе калап со флексибилен обрач (26 см) и обложете го со хартија за печење на дното, а страните намастете ги. Излејте ја смесата во калапот и израмнете, па одозгора рамномерно распоредете ги ренданите јаболка.




Врз колачот наросете малку цимет ако сакате, па посипете бадеми исечени на листови или ситно сечкани ореви, а може и јатки по ваш избор. Ставете да се пече во загреаната рерна, 40 или 50 минути во зависност од тоа колку биле сочни јаболката. Деталите погледнете ги ОВДЕ.