НАЈЕФИКАСНАТА ВЕЖБА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ – Правете го ова редовно и нема да остарите…
Длабокиот сквот или клекнувањето е најфундаменталната положба на телото со придобивки против стареење. Всушност тоа не е ни вежба, туку длабокиот сквот или „клек“ е нормална позиција за одмор на чловековото тело.
Ова е нешто што луѓето во Индија, Азија и луѓе во помалку индустријализирани делови од светот сè уште го применуваат во моменти на одмор, пауза или додека чекаат некој/нешто…
Помалку е тажно да се каже дека луѓето од развиените земји како што се САД и Европа на оваа позиција на телото гледаат како на вежба..и тоа на напредна вежба.
И, тоа е затоа што повеќето возрасни луѓе не можат да влезат и излезат од оваа положба без потпирање или нечива помош отстрана.
Губењето на способноста за влегување и излегување од оваа положба нема никаква врска со стареењето, едноставно не сте ја изгубиле оваа способност затоа што сте остариле, туку луѓето побрзо стареат зашто повеќе не ја користат оваа положба.
Секако, за ова се заслужни удобните столчиња, фотелји, каучи и тоалети…поради кои немаме потреба да клекнуваме, туку едноставно седнуваме, положба која не е природна за нашето тело, но, удобна…
Што се случува кога повеќе не ја користиме положбата на длабоко клекнување?
Децата природно ја користат оваа положба додека си играат или одмораат, но во возрасното доба современиот живот налага сè помалку да се користи клекнувањето…Што се случува?
Мускулите, тетивите и лигаментите губат дел од својата еластичност, зглобовите стануваат вкочанети, што резултира со ограничен опсег на движење кој потоа станува поголем проблем.
Прочитајте: „Правете по 100 клекнувања ако сакате да живеете 100 години – Хирург детално опиша како да се храните, вежбате и одморате“ – ОВДЕ.
Кога јас правам длабок свот, односно длабоко клекнување, влегувам и излегувам од оваа положба, јас ги активирам сите мускули и зглобови опфатени со ова движење и дополнително вршам притисок врз нив.
Но ако правите само половичен сквот, односно до положба на седнување, тогаш вашите зглобови ќе се истрошат многу, многу побрзо, бидејќи тие не се користат, не се „подмачкуваат“, па полека „’рѓосуваат“…
Токму тоа е причината за појава на разни хронични, дегенеративни болести на зглобовите…Според статистичките податоци земјите во кои луѓето го користат длабокиот сквот како нивна позиција за одмор имаат најниска инциденца на остеоартритис.
Прочитајте: „Ако на овој начин ги правите клековите, тие ќе станат лек за вашето срце: Здрави нозе значат силно срце“ – ОВДЕ.
Ако веќе немате некоја механичка повреда на коленото, треба да запамтите дека правењето длабоки сквотови и други вежби за зајакнување на нозете, не само што нема да нема да ви ги повредат колената, туку и ќе ги заштитат од разни заболувања, пред сè од артритис.
Повеќето болки во коленото произлегуваат од недостаток на сила во мускулите кои се поддршка и опкружување на коленото. Запомтете дека движењето е лосион и зглобот не може да остане здрав освен ако не се движи низ својот целосен достапен опсег, на редовна основа…
Прочитајте: „За долговечност и здравје секој треба да го прави ова во 6 часот наутро (вежби за истегнување)“ – ОВДЕ.
Од фундаментално значење за вашата севкупна мобилност е да можете без проблем да влезете и излезете од оваа положба и на тој начин да имате бенефити и да го успорите стареењето.
Секој ден користете ја оваа положба наместо да седите на столче или на кауч додека гледате телевизија. Само луѓто кои се добро подвижни имаат убава енергија низ целото нивно тело. затоа, движете се и зајакнете ги мускулите.
Почнете да правите по неколку длабоки сквотови – клекнувања секојдневно, најпрво со потпирање, а кога ќе воспоставите рамнотежа, правете ги самостојно. Ако имате потешкотии со изведување на вежбата, започнете со најлесната можна позиција – потпрени на ѕид:
Потпрете го грбот на ѕидот и потпирајќи се на петите, не ги одлепувајте од подлогата…Со секојдневно практицирање ќе ги зацврстите вашите мускули и ќе можете сквотот да го направите сè подлабок и подлабок. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.