I РЕЦЕПТ – Наједноставниот пудинг колач со бисквити, брзо и вкусно. Едноставно, брзо и вкусно, најчесто го правам кога ни се јаде нешто благо.

Потребни состојки: 500 г бисквити, 2 пудинг од чоколадо + шеќер по вкус, 900 мл млеко (800 за пудинг а 100 за бисквитите), 250 г путер или маргарин и 2 коцки чоколадо за готвење

Постапка: Одземете малку млеко од 800 мл и разматете ги пудинзите. Остатокот ставете го на оган да зоврие со неколку лажици шеќер по вкус, па додадете ја смесата и варете го пудингот додека да згусне со постојано мешање. Кога целосно ќе се озлади пудингот, додајте пенасто изматен путер и соединете.

Во калап редиме еден ред бисквити кратко натопени во млеко (или прво наредете ги, па со лажица одозгора ставајте им по малку млеко). Врз бисквитите намачкајте еден слој од пудингот, па повторно бисквити и сè така додека да ви се потрошат состојките.

Последниот слој нека биде крем и декорирајте со малку рендано чоколадо. Оставете го колачот да излади во фрижидер најмалку 2 часа. Наместо путер во кремот можете да додадете изматен шлаг, па кремот станува уште полесен. / anelej – Coolinarika.com

II РЕЦЕПТ – Се топи во уста: Колач со пудинг кој не се вари – готов е за 10 минути. Во последно време често го правам и на сите им го раскажувам, бидејќи готов е само за 10-тина минути, а кремот е нешто посебно.

Колачот се приготвува со пудинг кој не се готви, што значи дека не е ист со вообичаените пудинзи и внимавајте да не погрешите при купувањето. На амбалажата мора да пишува дека тоа е пудинг кој не се вари.

Една кесичка се приготвува со 300 мл млеко, па затоа ќе ви бидат потребни повеќе кесички пудинг доколку приготвувате поголема количина. Ваквиот пудинг можете да го купите во поголемите супермаркети, а постапката и обкаснувањето за овој супербрз колач можете да ги погледнете во видеото.

бисквитите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во калапот

Потребни состојки: 18 бисквити (или повеќе) + млеко за натопување, 500 мл слатка павлака за шлаг, 2 пудинзи од ванила кои не се варат, 5 лажици шеќер и 2 ванилин шеќер. Колачот се приготвува во плех со димензии 21х36 см

Потребни состојки: 500 мл слатка павлака за шлаг, 2 пудинзи од ванила кои не се варат, 5 лажици шеќер и 2 ванилин шеќер
сите состојки ставете ги во еден подлабок сад за матење

Постапка: На дното од плехот наредете бисквити претходно малку натопени во млеко. Во подлабок сад ставете ладна слатка павлака од фрижидер, додатете го прашокот од пудинзите кои не се варат, ставете 5 лажици шеќер и ванила. Убаво изматете со миксер околу 5 минути додека да се добие убав пенаст и пуфкаст крем.

изматете со миксер додека да добиете крем
кремот рамномерно распоредете го врз бисквитите
добро израмнете ја површината
…и наросете со рендано чоколадо за декорација
изладете 4 часа во фрижидер, па сечете и послужете

Добиениот крем распоредете го рамномерно врз бисквитите и израмнете. Одозгора наросете рендано чоколадо, а потоа колачот оставете го во фрижидер да се лади најмалку 4 часа пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот