Конечно знам што треба да му ДОДАДАМ на тестото за да биде совршено меко и воздушесто: Од него печам лепињи, колачи, пити, кифли, колачи – сè од едно тесто!

Најдоброто тесто на светот (слатко и солено)! Најдобриот рецепт што сум го испробала досега, тестото е одлично, може да се користи за разни намени (леб, печива…) и е супер меко.

Некои теста по печењето не се меки после ден или два, но со ова остануваат долго свежи како тукушто да се испекле. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
1 кесичка сув квасец (7 г) или 1/2 коцка свеж
3 жолчки
65 г шеќер
1 лажичка сол
240 мл млеко
75 г путер

ПОСТАПКА:

Најпрво активирајте го квасецот (особено ако користите свеж квасе, а доколку користите активен сув квасец нема потреба). Сите состојки треба да бидат на собна температура, млекото да биде млако, а путерот растопен.

Брашното, шеќерот, солта, жолчките и активниот квасец измешајте ги со млекото и стопениот путер.

Добро измесете околу 5 минути додека да добиете мазно тесто, не многу лепливо, но сепак малку лепливо. Доколку е потребно, додајте уште брашно, но внимавајте тестото да остано меко.

Тестото се замесува уште малку со раце и се става во сад подмачкан со масло да ферментира (покриено со кеса и крпа, во топла просторија, без провев), додека да го удвои волуменот.

Кога тестото ќе се зголеми двојно, можете да го користите како сакате, вклучувајќи лепчиња, разни печива, кифли, ролати со мак или џем и слично…

Што и да правите, добро е да го премачкате тестото со малку путер (околу 20 г) после печењето за да го подобрите сјајот, мирисот, вкусот, текстурата (сè!). Печивото се премачкува со путер веднаш штом го извадите од рерна, додека сè уште е врело.