Компир пирето покрај помфритот е најчестиот прилог во различни јадења на нашите трпези, а секоја домаќинка има свој посебен трик за приготвување на овој специјалитет.

Најдобрите француски готвачи велат дека кога во него ќе додадете три тајни состојки тоа ќе стане првокласен специјалитет на кој никој не може да одолее.

Потребни состојки:

1 кг компир

500 г рендан кашкавал (или по вкус, најмалку 200 г)

2 чешниња лук

30 г путер (или масло по ваш вкус)

1 лажица павлака

Сол, црн пипер

Постапка:

Сварете го компирот, процедете го и оставете го неколку минути малку да подизлади. Потоа додадете ситно сечкано лукче, па измиксајте го компирот во пире.

Додадете путер и павлака и матете додека да се растопат. Потоа додадете рендан кашкавал и матете го со лажица додека да се соедини со пирето и добиете еластична смеса.

Зачинете и сервирајте по желба.