Прочистувањето на организмот може да се спроведе на различни начини. Тоа е природен процес на неутрализирање или елими-нирање на ток-сините од човековото тело, а чаевите најмногу можат да помогнат во овој процес.

Организмот е составен од сситеми кои се меѓусебно поврзани и делуваат на совршен начин, па така постојат и механизми за самопрочистување. Меѓутоа, кога организмот е преоптоварен, не може да постигне навремено да се ослободи од ток-сините и разните метаболни продукти, па истите започнуваат да се таложат во органите и ткивата.

Доколку се чувствувате заморно, немате сила и енергија, се будите уморни и често имате главоболки, тогаш можеби треба да започнете да пиете некој од овие природни чаеви и да му помогнете на телото да се ослободи од вишокот ток-сини.

I Чај од глуварче

Едно од средствата за отстранување на токсините од телото е preku мокрење, а коренот од глуварче поттикнува мокрење. „Тоа е неверојатeн поттикнувач кој одлично ги чисти црниот дроб и бубрезите“, вели диететичарот Кери Гласман, основач на Nutritious Life.

II Чај од магарешки трн – млечен трн

Истражувањата покажале дека ова растение може да го намали оштетувањето и воспалението на црниот дроб, како и да помогне во обновување на клетките. Млечниот трн веќе долго време се користи (приближно 2000 години) како хербален лек за заштита на црниот дроб, а во денешно време се рекламира како лек против мамурлак, иако има малку докази што го поддржуваат ова тврдење.

III Rooibos чај со лимонска трева

Црвено-кафеавата верзија на Rooibos доаѓа од ферментираните лисја на јужноафриканската црвена грмушка и е позната по своите силни антиоксидантни својства, па затоа не е изненадувачки што може да помогне и во детоксикација.

Често се меша со лимонова трева, матично растение кое се користи во јужноазиските кујни, а докажано е дека го отстранува оштетувањето на слободните радикали од телото. Студиите сугерираат дека чајот од лимонска трева делува како диуретик. Слично на чајот од глуварче, поттикнува мокрење, што може да помогне во чистење на црниот дроб, бубрезите, мочниот меур и панкреасот.

Забелешка: „Диуретичните билки кои содржат есенцијално масло (како анасон и лимонова трева) можат да бидат ризични за оние кои имаат воспалително заболување на бубрезите и всушност се контраиндицирани“, вели билкарката Даниела Турлеј, основач на „Urban Healing“.

IV Чај од анасон

Во ајурведската медицина, анасон е лек познат по своето влијание врз дигестивниот систем, што е основа на здравјето во Ајурведата. Се користи терапевтски за стимулирање на апетитот и функцијата на варењето на храната, а чајот од анасон исто така може да го ублажи запекот со релаксација на дигестивните мускули, помагајќи на тој начин да се исчисти телото и да се исфрлат токсините.

Покрај тоа, студиите покажуваат дека чајот од анасон ја зголемува антиоксидативната активност во вашето тело и им помага на бубрезите и црниот дроб да се справат со оксидативниот ст-рес.

Покрај анасон, ѓумбирот, семето од ким, куркумата и циметот се зачини кои се сметаат за детоксикативни пред сè поради топлината што ја содржат, вели Ананта Рипа Ајмера, основач и извршен директор на „The Ancient Way “.

„Варењето во ајурведската медицина е поетски перцепирано како оган – потоплите супстанции го палат огнот и го поддржуваат согорувањето на ток-сините, додека постудените материи обично го гаснат и дозволуваат ток-сините да останат во вашето тело“, вели Ајмера.

V Чај од магдонос

Магдоносот е уште едно во низата растенија кои поттикнуваат отстранување на вишокот течности, истовремено негувајќи ги бубрезите и другите органи за детоксикација.

VI Чај од куркума

Куркумата својата репутација како здравствена sвезда ја должи на куркуминот, активна состојка која помага во ослободување од токсините и содржи антиоксиданти кои ги поправаат клетките на црниот дроб. Исто така, му помага на црниот дроб да детоксицира метали, а истовремено го зголемува производството на жолчката.

„Чајот од куркума е корисен за црниот дроб, затоа што ги стимулира ензимите да ги отстранат ток-сичните метаболити и на тој начин го заштитува од нив“, вели Турли.

VII Чај од коприва

Чајот од коприва се прави од стеблото, корењата и листовите на растението коприва. Полн е со полифеноли кои можат да му помогнат на организмот во борбата против воспаленијата и воспалителните болести.

Нежно го стимулира лимфниот систем, што може да го зголеми излачувањето на отпадот преку бубрезите. Во хербалната медицина, често се користи за лекување на уролошки проблеми, како што се инфекции на уринарниот тракт, поради неговата способност да ги отстрани штет-ните бактерии.

VIII Зелен чај

Зелениот чај веќе долго време се користи како моќен здравствен еликсир, и тоа со добра причина! Содржи моќен антиоксиданс наречен епигалокатехин-3-галат (EGCG), што според студиите може да помогне да се спречи растот на клетките на ракот на црниот дроб и да се заштити од заболување на црниот дроб.

зелен чај

Зелениот чај исто така содржи Л-теанин, аминокиселина која се користи за производство на уште еден важен својствен антиоксиданс, глутатион, пишува Eat This, Not That.